Leuconostoc
Leuconostoc | |
---|---|
Научна класификација | |
Домен: | Bacteria |
Колено: | Firmicutes |
Класа: | Bacilli |
Ред: | Lactobacillales |
Семејство: | Leuconostocaceae |
Род: | Leuconostoc van Tieghem 1878 |
Видови | |
L. carnosum |
Leuconostoc[2] е род на Грам-позитивни бактерии, кој припаѓа на фамилијата Leuconostocaceae. Овие бактерии најчесто се овоидни коки кои формираат вериги од клетки. Leuconostoc spp. интринзично се отпорни на ванкомицин и се каталаза-негативни (особина која ги разликува од стафилококите). Сите видови на овој род се хетероферментери и се во можност да продуцираат декстран од сахароза. Често излачуваат слузи.
Овие бактерии се одговорни за специфичниот мирис при подготовката на кисело тесто. Некои видови пак може да предизвикаат инфекции кај човекот.[3] Бидејќи тие генерално се ретки причинители на болести кај луѓето, стандардните комерцијални методи за идентификација на патогени честопати не се во можност да ги идентификуваат овие бактерии.[4]
Leuconostoc spp., заедно со други бактерии на млечно-киселинското вриење, како што се Pediococcus и Lactobacillus, се одговорни за ферментацијата на зелката, при производството на кисела зелка. При овој процес, свежата зелка се ферментира во саламура, при што шеќерите кои влегуваат во нејзиниот состав, бактериите ги метаболизираат до ниво на млечна киселина која е одговорна за киселиот вкус. Leuconostoc spp. се исто така составен дел од симбиотските колонии на бактерии и квасни габи кои се користат во производството на ферментирани млечни пијалаци како што е кефирот.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Parte, A.C. „Leuconostoc“. www.bacterio.net.
- ↑ Björkroth, J., and W. Holzapfel. 2006. Genera Leuconostoc, Oenococcus and Weissella, p.267 -319. In M. Dworkin (ed.), The prokaryotes: a handbook on the biology of bacteria: Firmicutes, Cyanobacteria, vol. 4, 3rd ed. Springer-Verlag, New York, NY. [1]
- ↑ Vagiakou-Voudris E, Mylona-Petropoulou D, Kalogeropoulou E, Chantzis A, Chini S, Tsiodra P, Malamou-Lada E (2002). „Scand J Infect Dis“. Scandinavian journal of infectious diseases. 34 (10): 766–7. doi:10.1080/00365540260348572. PMID 12477331.
- ↑ Kulwichit W, Nilgate S, Chatsuwan T, и др. (2007). „Accuracies of Leuconostoc phenotypic identification: a comparison of API systems and conventional phenotypic assays“. BMC Infectious Diseases. 7: 69. doi:10.1186/1471-2334-7-69. PMC 1947989. PMID 17605772.
- ↑ Farnworth, Edward R (4 April 2005). „Kefir-a complex probiotic“ (PDF). Food Science and Technology Bulletin: Functional Foods. 2 (1): 1–17. doi:10.1616/1476-2137.13938. Архивирано од изворникот (PDF) на 14 May 2014. Посетено на 20 December 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Список на видови од родот Leuconostoc (англиски)
- Статија за родот Leuconostoc на MicrobeWiki Архивирано на 5 март 2016 г. (англиски)