Iris × germanica

Од Википедија — слободната енциклопедија
Iris × germanica
Iris Germanica 2012-2.jpg
Научна класификација
Царство: Растенија
Ред: Шпаргловидни
Семејство: Перуники
Род: Перуники
Подрод: Iris subg. Iris
Отсек: Iris sect. Iris
Вид: I. × germanica
Биномен назив
Iris × germanica
Л.
Синоними[1]

Германска перуника (научно: Iris × germanica) ― прифатеното име за вид на цветни растенија од семејството перуники (Iridaceae) попозната како брадеста перуника или германската брадеста перуника. Таа е една од групата со хибридно потекло.[2]:87  Нејзини сорти се I. × g. var. florentina.

Опис[уреди | уреди извор]

Површинско набљудување на стомини клетки на листови од Iris germanica под микроскоп.

Iris × germanica расте до 120 цм во висина и 30 цм во ширина. Корените можат да одат до 10 цм во длабочина и е ризоматозно повеќегодишно растение кое цвета од средна до доцна пролет. Постојат стотици сорти кои ја претставуваат речиси секоја боја од црна до блескава бела и црвена боја. Познато е дека некои сорти повторно цветаат наесен.[3]

Биохемија[уреди | уреди извор]

Познато е дека произведува изофлавон ирилон,[4] а од ризомите биле направени неколку аналитички студии.[5]

Генетика[уреди | уреди извор]

Бидејќи повеќето перуники се диплоидни, со две групи на хромозоми. Ова може да се користи за да се идентификуваат хибридите и класификацијата на групите.[6]

Таксономија[уреди | уреди извор]

За прв пат била објавена и опишана како Iris germanica од страна на Карл Линеј во неговата книга „Species Plantarum“ на страница 38 во 1753 година.[7] Иако, Кју и многу други авторитети наведуваат дека е хибрид, па е именуван како Iris × germanica, со иксот (х) кој го покажува неговиот хибриден статус.[8][9]

Тоа е европски хибрид, а не вистински див вид.[10] Iris × germanica се смета дека бил природен хибрид помеѓу Iris pallida и Iris variegata (според Линеј), од кои и двете имаат хромозомски број 2n = 24.[11]

Iris germanica е прифатено име од страна на Кралското хортикултурно друштво,[12] и била потврдено од Службата за земјоделско истражување на Министерството за земјоделство на Соединетите Држави на 8 мај 1996 година. Тие исто така навеле дека има непознато потекло.

Именуваните сорти најчесто се продаваат во продавниците како Iris germanica,[13][3]

Распространетост и живеалиште[уреди | уреди извор]

Се смета дека Iris × germanica потекнува од Средоземна Европа.[12]

Опсег[уреди | уреди извор]

Широко е одомаќинета низ Европа.[14]

Одгледување[уреди | уреди извор]

Тоа обично расте на сончеви места, со добро исцедена почва. Обично задржува некои од лисјата во текот на зимскиот период. Откако ќе процвета во текот на летото е најдобро време за делење и пресадување кога е суво.[14]

Размножување[уреди | уреди извор]

Може да се размножува со семе и со делење.[11]

Хибриди и сорти[уреди | уреди извор]

Iris × germanica има многу сорти,[3] се смета дека има околу 60.000 достапни сорти.[15] Ова се неколку познати именувани сорти:[14]

  • 'Adriatic Shores'
  • 'Amas'
  • 'Askabadensis'
  • 'Baveilles'
  • 'Belouinii'
  • 'Biliotti'
  • 'Black Prince'
  • 'Col Du Chat'
  • 'Cretan'
  • 'Crimson King'
  • 'Croatica'
  • 'Deflexa'
  • 'Dominion'
  • 'Dusky Challenger'
  • 'Florentina'
  • 'Fontarabie'
  • 'Germanica'
  • 'Germanica Alba'
  • 'Germanica Caerulea'
  • 'Germanica Major'
  • 'Germanica Marmorata'
  • 'Germanica Maxima'
  • 'Germanica Violacea'
  • 'Germanica Vulgaris'
  • 'Gnome'
  • 'Gypsy Queen'
  • 'Istria'
  • 'Junonia'
  • 'Kharput'
  • 'Kirman'
  • 'Kochii'
  • 'Kurdistan'
  • 'Lemperg Purple'
  • 'Macrantha'
  • 'Nepalensis'
  • 'Oriflamme'
  • 'Paladin'
  • 'Purple King'
  • 'Seattle'
  • 'Sivas'
  • 'Srinagar'
  • 'Thun'
  • 'Titan's Glory'
  • 'Turchino'
  • 'Varbosiana'
  • 'Varbossana'.


I. × germanica var. amas била една од најважните сорти во создавањето на современите тетраплоидни високобради перуники.[14]

Во културата[уреди | уреди извор]

Перуники од Винсент ван Гог, 1890 година.

Во Иран и Кашмир,[16] Iris kashmiriana и Iris × germanica [17] најчесто се одгледуваат на муслиманските[18] гробишта.[6][19][20]

Често е насликана, вклучувајќи ги и „Перуники“ (види десно) и „Перуники“ и двете од Винсент ван Гог во 1890 година.[21]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Iris × germanica L.“. Plants of the World Online. Royal Botanic Gardens, Kew. Посетено на 8 ноември 2022.
  2. Stace, C. A. (2010). New Flora of the British Isles (Third. изд.). Cambridge, U.K.: Cambridge University Press. ISBN 9780521707725.
  3. 3,0 3,1 3,2 Iris Germanica (Bearded Iris)“. Gardenia.net. Посетено на 6 мај 2022.
  4. „Lipase-catalyzed regioselective protection/deprotection of hydroxyl groups of the isoflavone irilone isolated from Iris germanica“. 27 (2). Наводот journal бара |journal= (help)
  5. Shahid Akbar Handbook of 200 Medicinal Plants: A Comprehensive Review of Their Traditional Medical Uses and Scientific Justifications, p. 1047, при Гугл книги
  6. 6,0 6,1 Austin, Claire (2005). Irises: A Gardener's Encyclopedia. Timber Press, Incorporated. ISBN 978-0881927306. OL 8176432M.
  7. Iris germanica L., Sp. Pl. 1: 38 (1753)“. ipni.org (International Plant Names Index). Посетено на 6 мај 2022.
  8. Iris × germanica L. | Plants of the World Online | Kew Science“. Plants of the World Online (англиски). Посетено на 29 July 2021.
  9. Iris × germanica – Species Details“. Atlas of Florida Plants. Посетено на 6 мај 2022.
  10. „Garden Bearded Irises“. Pacific Bulb Society. Посетено на 6 мај 2022.
  11. 11,0 11,1 „FNA Vol. 26 Page 373, 375, 376“. efloras.org (Flora of North America). Посетено на 6 мај 2022.
  12. 12,0 12,1 Iris germanica bearded iris“. rhs.org.uk. Посетено на 6 мај 2022.
  13. Iris germanica Collection (Bearded Iris) | J Parker Dutch Bulbs“. jparkers.co.uk. Посетено на 6 мај 2022.
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 Laurin, T. (6 мај 2019). „(SPEC) Iris germanica L.“. Посетено на 6 мај 2022.
  15. McIntosh, Jamie (21 јуни 2021). „9 Top Types of Iris for the Flower Garden“. The Spruce (англиски). Посетено на 6 мај 2022.
  16. „Chapter I Rhizomatous Iris (part 2)“. irisbotanique.over-blog.com. Посетено на 6 мај 2022.
  17. Singh, Gurcharan. „Kashmir Iris“. flowersofindia.net. Посетено на 6 мај 2022.
  18. Stebbings, Geoff (1997). The Gardener's Guide to Growing Irises. Newton Abbot: David and Charles. стр. 23. ISBN 0715305395.
  19. British Iris Society (1997) A Guide to Species Irises: Their Identification and Cultivation при Гугл книги
  20. Trak, Touseef Hussain; Upadhayay, Ravi (April 2015). „Ethnobotanical And Taxonomic Study of Members of Iridaceae Family of Kishtwar, (Jammu And Kashmir) India“ (PDF). International Journal of Pharma and Bio Sciences. 6 (2): 779–793. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 август 2016. Посетено на 6 мај 2022.
  21. Jennifer Helvey Irises: Vincent van Gogh in the Garden при Гугл книги