Ириси (Ван Гог)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Ириси“
Оригинален наслов, на француски: „Les Iris“
Творец Винсент ван Гог
Година мај 1889
Димензии 71 см × 93 см
Место Музеј Ж. Пол Гети, Лос Анџелес, Калифорнија

Ириси (француски: Les Iris) – една од многуте слики и графики на холандскиот сликар Винсент ван Гог на која се прикажани ириси. Ирисите ги насликал додека живеел во санаториумот Сен Пол де Мозол во местото Сен-Реми де Прованс, Франција, во последната година од животот.

Историја[уреди | уреди извор]

Сликата била создадена во мај 1889 година, пред неговиот прв психички напад. На сликата недостасува онаа напнатост која би обележува неговите последни слики. Ван Гог сликата ја нарекол „громобран за мојата болест“ бидејќи сметал дека единствено сликарството може да го сочува од потполно губење на разумот.

На оваа слика, како и на бројни други негови слики од тоа раздобје, влијаело јапонското укијо сликарство со дрворез. Сличностите се во снажните контурни линии, необичните агли, вклучувајќи и крупен кадар, и користење на локалните бои без моделирање со светла. Ван Гог оваа слика ја сметал за студија и заради тоа не постојат скици или цртежи за неа.[1]. Но неговиот брат Тео сметал дека е доволно добра заедно со сликата Ѕвездена ноќ над Рона, да учествува на годишната изложба на Друштвото на независни уметници (Société des Artistes Indépendants) во Париз, во септември 1889 година. Тео му пишувал на брат му за изложбата и ја споменал сликата: „Впечатлива за око од далеку. Ирисите се убава студија полна со воздух и живот“.

Сопствеништво[уреди | уреди извор]

Првиот сопственик на сликата бил Жилиен „Пер“ Танги, производител на бои и препродавач на уметнички дела, чиј портрет Ван Гог го насликал три пати. Во 1892 година Танги за 300 франка му ја продал на критичарот и анархист Октав Мирбо, кој бил еден од првите љубители на Ван Гоговото сликарство [1]. Подоцна завршила во сопственост на Џоан Витни Пејсон од Њујорк.

Во 1987 година, во аукциската куќа Сотби во Њујорк била продадена за тогаш рекордни 53,9 милиони американски долари на австралискиот претприемач Алан Бонд, и станал најскапа слика на светот, рекорд кој го држела две и пол години.[2]. Алан Бонд не можел да ја плати сликата и Ириси е препродадена (веројатно за нешто помала цена) на музејот Гети [3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ириси на страниците на Музејот Ж. Пол Гети (англиски)
  2. History for November 11, On-This-Day.com (англиски)
  3. Michael Kimmelman, Getty buys van Gogh "Irises," but won't tell price, New York Times, 22. ožujka 1990. (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]