In nomine Domini

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
In nomine Domini
латински јазик: Во името на Отецот
Була од папата Папа Никола II
Дата13 април 1059
Енциклички бројна понтифактот

In nomine Domini (латински: Во името на Отецот) - папска була на Папата Никола II и канон на Советот на Рим. Булата била издадена на 13 април 1059[белешка 1] и предизвикала големи реформи во системот на папските избори, особено воспоставувањето на кардинал-епископите како единствени избирачи на папата, со согласноста на поситното свештенството.

Заднина[уреди | уреди извор]

До објавување на булата, изборот на папата често се одлучувал со наместен изборен процес.[2] Светиот римски император , честопати директно именувал замена за починатиот папа, или пак понтифот самиот си го именувал наследникот. Таквата номинација под канонскиот закон не била валиден избор[3] па правните избирачи морале да го ратификуваат изборот, иако несомнено тие согласно околностите биле наклонети кон тоа да дадат предност на изборот на императорот.[4][белешка 2]

Во 1050-тите, кардиналот Хилдебрант (идниот Папа Григориј VII) го ставил на предизвик правото на именување папа од страна на Светиот римски императот.[5] Претходникот на Никола II, Стефан IX, бил избран во еден конфузен период, веднаш по смртта на императорот Хајнрих III и, дванаесет месеци подоцна, смртта на Папата Виктор II, кого Хајнрих III го поставил за папа. Изборот на Стефан IX добил согласност од царицата, Агнеса од Поату, и покрај пропустот на традиционалните прелиминарности и чекањето на кардиналите за номинацијата од страна на императорот.

Веднаш по неговото назначување за папа во 1058, по смртта на Стефан IX, Никола II, го викнал синодот во Сутри, со царско одобрение и присуство на царскиот канцелар. Првата задача на синодот била да го откаже и екскомуницира неправилно избраниот Антипапа Бенедикт X, кој бил марионета на моќниот Гроф од Тускулум.[6]

Придружуван од војниците на Војводата од Лорена, Никола стигнал до Рим а Бенедикт побегнал.[7] Никола бил осветен како папа на 24 јануари 1059 и бил широко прифатен од граѓаните на Рим.[белешка 3] За избегнување на идните борби во папските избори и за намалување на надворешно влијание од страна на нецрковни страни, во април 1059 тој го свикал синодот во Рим. In nomine Domini било кодификација на одлуките на синодот.

Содржина[уреди | уреди извор]

Правата на Светиот Римски Император[уреди | уреди извор]

Булата ги намалила правата на Светиот римски император во папските избори. Следново било ставено во канонскиот закон:

  • Правото на именување на папа од страна на царот било укинато.[белешка 4]
  • Правото на царска потврда за папата било задржано, но тоа станувало послабо.

Црковни реформи[уреди | уреди извор]

Никола вовел и реформи за борба против скандали во црквата на тоа време, особено во врска со животот на свештениците и монасите. Следниве забрани биле објавени:

  • Симонијата била забранета.
  • Борбата за инвеститура била забранета.
  • Присуство и прослава на литургија од страна на свештеник кој живеел во озлогласено конкубинство било забрането.
  • Правилата со кои се регулира животот на каноните и монахињите прогласени за исхраната во Екс ла Шапел во 817 биле укинати.[белешка 5]

Папски избори[уреди | уреди извор]

Најголем дел од булата се занимава со папските избори. Постапката и правилата може да бидат сумирани според следново:

  • Кога ќе умре папата, кардиналите треба да се произнесат меѓу себе за кандидати.
  • Кога ќе се изведе кандидатот, кардинал-епископите и сите други кардинали треба да продолжат со изборот.
  • Остатокот од свештенството, го задржува правото на подржување на нивниот избор.[белешка 6]
  • Член на римското свештенството може да биде избран, доколку нема друг квалификуван кандидат. Во овој случај, свештено лице од друга епархија може да биде избрано.
  • Изборите мора да се одржат во Рим, освен ако надворешни влијанија ова го направат невозможно. Во тој случај, изборите може да се одржат на друго место.[9]
  • Доколку војна или други околности го спречат папското востоличувањето или крунисување на избраниот кандидат, кандидатот сепак ќе ужива целосна апостолската власт.
  • Правото на царска потврда на папата било задржано, но не е толку моќно.
Роберт Гвискар е прогласен од страна на Папата Никола II, за војвода во замена за гарант на безбедноста на Ватикан.

Последици и прием[уреди | уреди извор]

Булата била проследена со сојуз помеѓу папството и Роберт Гвискар, кој бил прогласен за Војвода од Апулија и Калабрија и Сицилија од страна на Светата столица во замена за годишна надокнада и гаранција на безбедноста на столицата.Грешка во наводот: На ознаката <ref> ѝ недостасува ознака за затворање </ref&gt.

Изборните реформи на булата не биле добро примени сегде. Преседанот дека само кардинал-епископите можат да гласаат на изборите наишло на презир кај поситното римско свештенство.

Наследство[уреди | уреди извор]

Во nomine Domini била прва во серијата були која радикално го реформирала процесот на изборот на наследникот на Свети Петар. Булата сепак нецелосно го отстранила влијанието на императорското мешање. Од друга страна, силата на Светиот римски император постепено слабеела додека не бил лишен од привилегијата на папското назначување на Вормскиот конкордат во 1122.[10]

Булата исто така била значајна за создавањето на Советот на кардинали, кој целосно влегол во сила по изборот на Инокентиј II во 1130.[11] За прв пат кардиналите биле истакнати како издвоена група со највисоки привилегии на црквата, вклучувајќи го и изборот на папа.[12]

Текст и преводи[уреди | уреди извор]

Видете [уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Depuydt, Leo. A.D. 297 as the Beginning of the First Indiction Cycle. „Bulletin of the American Society of Papyrologists“ (The Bulletin of the American Society of Papyrologists) том  24 (3-4): 137–139. http://quod.lib.umich.edu/b/basp/0599796.0024.003/52:7?page=root;size=100;view=text. посет. 17 мај 2012 г. 
  2. Thatcher, Oliver J. (June 1971). A Source Book for Medieval History: Selected Documents Illustrating the History of Europe in the Middle Age. Ams Pr Inc. (1971 Edition). стр. 113. ISBN 0404063632. https://books.google.com/books?id=QlRihjnGhCwC&. 
  3. 3,0 3,1 Smith, S. B. (24 December 2009). „Ecclesiastical punishments“. Elements of Ecclesiastical Law. BiblioBazaar - reprint of historic original. стр. 83–85. ISBN 1113699566. https://books.google.com/books?id=KPBBAAAAYAAJ&. 
  4. 4,0 4,1 Fanning, W. (1911). „Papal Elections“. The Catholic Encyclopaedia. Robert Appleton Company. ISBN 0840731752. http://www.newadvent.org/cathen/11456a.htm. 
  5. Heinrich, Friedrich (1877). „The ecclesiastical election of popes / Pope Nicholas II., 1059“. Fairfax, Edward (ed.). Church and state: their relations historically developed. Book on Demand. стр. 193–197. Unknown ID:B007OFIHQ8. https://books.google.com/books?id=Be60uQAACAAJ&. 
  6. Mann, Horance K. (1929). „Pope Nicholas II“. The Lives of the Popes in the Middle Ages. B. Herder;. стр. 226–260. 
  7. 7,0 7,1 7,2 Fanning, W. (1911). „Pope Nicholas II“]. The Catholic Encyclopaedia. Robert Appleton Company. ISBN 0840731752. http://www.newadvent.org/cathen/11055a.htm. 
  8. Gurugé, Anura (16 February 2012). „1059: The Beginning Of The Cardinals As The Exclusive Electors“. The Next Pope: After Pope Benedict XVI]. WOWNH LLC. стр. 94–96. ISBN 061535372X. https://books.google.com/books?id=B5JVthemvvwC&. 
  9. Henderson, Ernest F. (translator) (1903). Select Historical Documents of the Middle Ages. George Bell. стр. 19. Unknown ID:B002GD0RAW. 
  10. Colmer, Joseph M.; McLeane, Iain. Electing Popes: Approval Balloting and Qualified-Majority Rule. „The Journal of Interdisciplinary History“ (MIT Press) том  29 (1): 1–22. doi:10.1162/002219598551616. http://works.bepress.com/cgi/viewcontent.cgi?article=1003&context=josep_colomer. посет. 20 мај 2012 г. 
  11. Fanning, W. (1911). „Cardinal“. The Catholic Encyclopaedia. Robert Appleton Company. ISBN 0840731752. http://www.newadvent.org/cathen/03333b.htm. 
  12. Panvinii (also known as Panvinio), Onofrio (1929). Onuphrii Panvinii De episcopatibus, titulis, et diaconiis cardinalium liber]. Unstated (Venetian provenance). стр. 19. Unknown ID:B0017C7VX4. https://books.google.com/books/about/Onuphrii_Panvinii_De_episcopatibus_titul.html?id=E_1gcgAACAAJ&. 

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. XIIth Indiction.[1]
  2. It was in this way that Emperor Otto III appointed Gregory V and Sylvester II pope.[4]
  3. Gurugé states that this willingness of the Roman people to accept Nicholas was not so much his personality but the "lavish largess" paid to them by his chief advisor, Hildebrand.[8]Шаблон:Self-published source
  4. Although the bull does state that due regard is to be had for the right of confirmation or recognition conceded to King Henry, and the same deference is to be shown to his successors, who have been granted personally a like privilege.[7]
  5. Weber states that this was "because they allowed private property and such abundant food that, as the bishops indignantly exclaimed, they were adapted to sailors and intemperate matrons rather than to clerics and nuns."[7]
  6. Cardinales Episcopi, cum religiosis clericis, Catholicisque laicis, licet paucis, jus potestatis obtineant eligere Apostolicæ sedis pontificem, ubi cum rege congruentius judicaverunt.[3]