Прејди на содржината

Holy Blood

Од Википедија — слободната енциклопедија
Holy Blood
Симболот на Holy Blood
Животописни податоци
ПотеклоКиев, Украина
ЖанровиБлек метал
дет метал
народен метал
Период на активност1999 - денес
ИздавачиБомбворк Рекордс
СоработнициЕвроклидон, Оскорд
Мреж. местоОфицијалното мрежно место
Членови
Фјодор Бузилевич (вокал и флејта)
Вира Књажева (вокал)
Евгениј Титарчук (гитара)
Игор Џуба (гитара)
Ирина Клењ (бас гитара)
Олег Богомаз (тапани)[1]
Поранешни членови
Вира Књажева (пијано, 2001–2005)
Алексеј Фурман (гитара, 2001–2002)
Артем Ступак (гитара, 2002–2003)
Евгениј Цесаров (бас гитара, 2001–2003)
Вјачеслав Киришин (флејта, гајда 2005–2006)[2]
Значајни инструменти
Дрвена флејта, гајда

Holy Blood е украински блек метал бенд, основан 1999 г. во главниот град Киев.[3] Бендот е значаен по тоа што е еден од ретките од овој жанр кој ги промовира христијанските вредности.[4] Потпишани се од страна на продуцентската куќа Бомбворк Рекордс и се призната група во светски рамки без оглед на нивната определба да останат анонимни. Досега имаат издадено четири студиски албуми, а текстовите во нивните песни се на украински и руски јазик.

По формирањето во 1999 г. членовите првично имале замисла Holy Blood да биде бенд кој би изведувал хардкор панк музика. По промената во поставата 2001 г. тие стилски се пренасочиле кон дет метал жанрот. Вокалистите Фјодор Бузилевич и Вира Књажева се земале истата година, а во 2002 излегол првиот нивни студиски албум насловен како Талкачот (украински: Странник). Овој проект бил изработен под капата на издавачката куќа Core Zone. Во тоа време од составот си заминал басистот Евгениј Цесаров, кој потоа преминал во бендот Евроклидон. На негово место дошол Алексеј Андрушенко.

По ова следел и видео запис за песната „The Spring“, објавен на 18 април 2004 г. Вториот студиски албум Брановите танцуваат (украински: Волны танцуют) излегол во 2005, а истиот бил пласиран на рускиот и американскиот музички пазар. Во наредните месеци групата настапила на неколку музички фестивали низ Белорусија, Молдавија, Швајцарија и Финска.[5] Популарноста на бендот значително пораснала и во земјите блиски до Украина, па затоа по крајот на турнејата бендот започнал да пишува материјал за новиот музички диск. Повторно биле направени измени во поставата, а во јули 2008 г. бил издаден и третиот студиски албум Патриот (украински: Патріот). Притоа биле ре-издадени претходните два албуми, овој пат со изменет омот и подобрени графика и звук.

На пресот објавен на нивното мрежно место, јавноста била известена дека сите дотогашни членови на бендот ќе продолжат под група со ново име Оскорд, а единствено Фјодор и неговата сопруга Вира (која претходно била во бендот од 2001-2005), заедно со комплетно нова постава ќе продолжат под постојното име Holy Blood. На почетокот на 2010 се појавил четвртиот нивни албум Јасно Сонце (украински: Ясно Солнце), кој содржел елементи на металкор и хардкор панк.[6]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]