Friday (песна на Ребека Блек)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Friday“
Rebecca Black - Friday.png
Сингл од Ребека Блек
Издаден 14 март, 2011[1]
Текстописец Кларенс Џеј и Патрис Вилсон
Формат Дигитално спуштање
Жанр Тин поп, денс-поп
Должина 3:47
Издавачка куќа ARK Music Factory
Продуцент ARK Music Factory
Хронологија на синглови на Ребека Блек
Friday
(2011)
My Moment
(2011)

Friday“ е песна од американската пејачка Ребека Блек, напишана и продуцирана од Кларенс Џеј и Патрис Вилсон. Била издадена како сингл на 14 март, 2011 преку издавачката куќа ARK Music Factory како првиот сингл на Блек.[2] Музичкото видео за песната станало вирално видео поради критиките кон песната, користењето на Авто-Тон, вокалите на Блек и содржината на видеото. Од 16 јуни, 2011, видеото кое сега е поместено од Јутуб, имало 167 милиони прегледи и преку 3.1 милиони „дислајкови“ (87% од целосните рејтинзи) од корисниците на Јутуб. Коментарите за видеото кои биле претежно негативни биле спречени од мај, 2011.

Откако популарноста на песната и видеото пораснале, излегле многу пародии и ремиксови.[3][4] Форбс изјавил дека песната е уште еден знак кој ја покажува моќноста на социјалните медими – најмногу Твитер, Фејсбук и Тумблр, кои имаат моќ да направат „сензации преку ноќ.“[5][6]

Позадина[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 2010, клиент на издавачката куќа од Лос Анџелес, ARK Music Factory им кажал за девојка по име Ребека Блек која е од Анахејм Хилс, Калифорнија.[7][8] Мајката на Блек, Џорџина Кели им платила на ARK Music 4,000 долари за песната и за видеото и можност за избор за две претходно напишани песни. Според Кели, парите покриле една половина или помалку од продукциските цени на музичкото видео и фамилијата на Блек не платила за да ги добие сите права над песната.[7][9] Блек ја одбрала „Friday“, бидејќи „другата песна беше за љубов - го немам искусено тоа сеуште. Почувствував дека мојата приватност се наоѓа во таа песна.“[10] Ark Music многу ја користеле програмата за подобрување на звук Авто-Тон.[11] Иако Кели малку се двоумела за квалитетот на текстот, Блек ја уверила дека „ја испеав како што ја напишаа тие, мамо.“[8] Ко-текстописецот на „Friday“, Патрис Вилсон објаснил, „Го напишав текстот во четврток навечер. Пишував различни песни цела вечер и на крај сфатив, 'Се задржав и веќе е петок.' И реков Уау, петок е!“[12][13]

Табели[уреди | уреди извор]

Табела (2011) Највисока
позиција
Австралија ARIA Дигитални Песни[14] 40
БР Билборд Хот 100[15] 66
БР Билборд Поп Песни[16] 79
Канада (Canadian Hot 100)[17] 61
Ирска (IRMA)[18] 46
Нов Зеланд (RIANZ)[19] 33
Британија (The Official Charts Company)[20] 60
Британски Инди Песни (The Official Charts Company)[21] 6
САД Билборд Хот 100[22] 58

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Friday - Single by Rebecca Black“. iTunes Store. конс. 2011-03-15. 
  2. Williams, Mary Elizabeth. „What's behind the "worst music video ever"?“, „Salon.com“, 14 март 2011 (посет. 14 март 2011 г).
  3. Gallo, Lee-Maree. „Who is Rebecca Black? And is she really bigger than Japan?“, „The Sydney Morning Herald“, 15 март 2011 (посет. 15 март 2011 г).
  4. Parry, Chris. Rebecca Black's Black Friday: Vanity music project makes teen a YouTube laughing stock. Vancouver Sun. 2011-03-15. Retrieved 2011-03-15.
  5. Pasetsky, Mark. Rebecca Black: Why is She Trending on Twitter?. Forbes. 2011-03-14. Retrieved 2011-03-14.
  6. Perpetua, Matthew. Why Rebecca Black's Much-Mocked Viral Hit 'Friday' Is Actually Good. Rolling Stone. 2011-03-15. Retrieved 2011-03-15.
  7. 7,0 7,1 Larsen, Peter. „O.C.'s Rebecca Black talks about 'Friday'“, Orange County Register, 17 март 2011 (посет. 21 март 2011 г).
  8. 8,0 8,1 Lee, Chris (2011-03-17). „Rebecca Black: 'I'm Being Cyberbullied'. The Daily Beast. конс. 2011-03-18. 
  9. Larsen, Peter. „Rebecca Black's mom sets the record straight on Leno lip-sync rumors“, Orange County Register, 29 март 2011 (посет. 31 март 2011 г).
  10. Levison, Sam (2011-03-18). „Finally "Friday". Blog Daily Herald. конс. 2011-04-06. 
  11. Sloame, Joanne. Rebecca Black 'Friday' YouTube viral video pales in comparison to Justin Bieber hits. New York Daily News. 2011-03-15. Retrieved 2011-03-15.
  12. Chen, Adrian (2011-03-30). „Meet the Man responsible for Rebecca Black“. Gawker. Gawker Media. конс. 2011-03-31. 
  13. Barshad, Amor (2011-03-30). 'Friday' mastermind Patrice Wilson explains the lyrics“. New York. New York Media Holdings. конс. 2011-03-31. 
  14. „The ARIA Report: Week Commencing 28 March 2011“ (PDF). Pandora Archive. конс. 2011-07-18. 
  15. "Brasil Hot 100 Airplay". Billboard Brasil (Brasil: bpp) (2): 96. March, 2011. ISSN 977-217605400-2
  16. "Brasil Hot Pop & Popular Songs". Billboard Brasil (Brasil: bpp) (2): 97. March, 2011. ISSN 977-217605400-2
  17. „Nielsen Canadian Charts Update“ (PDF). Billboard. Prometheus Global Media. конс. 2011-03-24. 
  18. "Chart Track". Irish Singles Chart. GfK. Retrieved 2011-04-01.
  19. "Charts.org.nz – Rebecca Black – Friday". Top 40 Singles. Hung Medien. Retrieved 2011-03-22.
  20. „Official UK Singles Top 100 – 9th April 2011“. The Official Charts Company. конс. 2011-04-03. 
  21. „UK Top 30 Indie Singles Chart“. BBC. 2011-03-27. конс. 2011-04-03. 
  22. Grein, Paul. „Week Ending March 27, 2011: Songs: Katy Moves Up“, „Chart Watch“, Yahoo! Music, 30 март 2011 (посет. 30 март 2011 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]