Прејди на содржината

Borderlands 2

Од Википедија — слободната енциклопедија
Borderlands 2

Корица на играта
Изработувач(и) Gearbox Software
Издавач(и) 2K
Режисер(и) Пол Хелквист
Продуцент(и)
  • Шон Рирдон
  • Мет Чарлс
Дизајнер(и) Џон Хемингвеј
Програмер(и) Стивен Џонс
Уметник(ци) Џереми Кук
Писател(и) Ентони Берч
Серијал Borderlands
Погон Unreal Engine 3
Подлоги
Датум на издавање PlayStation 3, Xbox 360, Windows
САД 18 септември 2012
Европска Унија 21 септември 2012
macOS
20 ноември 2012 (светско)
PlayStation Vita
САД 6 мај 2014
Европска Унија 28 мај 2014
Linux
1 октомври 2014 (светско)
The Handsome Collection
PlayStation 4, Xbox One
24 март 2015 (светско)
The Handsome Collection Ultra HD
PlayStation 4, Xbox One, Windows
3 април 2019 (светско)
Nintendo Switch
29 мај 2020 (светско)
Жанр(ови) акциона игра со улоги, пукачка игра од прво лице
Режим(и) едноиграчки, повеќеиграчки

Borderlands 2 (се чита: Бордерлендс 2, македонски: Гранични земји 2) — компјутерска игра во жанрот пукачка игра од прво лице со RPG-елементи, продолжение на компјутерската игра Borderlands (2009). Се разликува од својот претходник со подобрен систем за модирање на оружја и попромислен заплет. Развиена од Gearbox Software и објавена од 2K Games за Linux, Microsoft Windows, PlayStation 3, Mac OS X и Xbox 360, верзијата за PlayStation Vita била објавена во 2014 г. на 6 мај во Америка, и на 28 мај во Европа. На 25 март 2015 г., играта била објавена за Playstation 4 и Xbox One како дел од збирката Borderlands: The Handsome Collection, која ќе ги вклучува Borderlands 2 и Borderlands: The Pre-Sequel. Ова издание ги содржи и сите објавени DLC за двете игри.

Во 2014 г., Telltale Games објавила продолжение на оваа приказна — Tales from the Borderlands. Во 2015 г., излегла играта Borderlands 3.

Играчки процес

[уреди | уреди извор]

Borderlands 2 се надоврзува на истите елементи на играчки процес како и неговиот претходник. Станува збор за пукачка игра од прво лице што вклучува елементи за развој на ликови слични на RPG, што го натерало Gearbox да ја нарече играта „пукачка игра со улоги“. На почетокот на играта, играчот може да избере еден од четирите ликови (ако се достапни додатоци, од шест), од кои секој има исклучителна вештина и склоност за одреден вид оружје.[1] Меѓутоа играчот може да носи какво било оружје без оглед на класата. На пример, за да користите снајперска пушка, не мора да играте како соодветниот лик. По ова, играчот добива задачи од неиграчки ликови или табли за соопштенија. За завршување на секоја задача, играчот добива награда во облик на пари, еридиум (редок метал што може да се користи за купување на разни надградби за ликот на црниот пазар), искуствени точки, а понекогаш и добива предмет. Играчкиот свет исто така се променил. Се појавиле снежни места и нови непријатели. Играчот добива искуствени точки за убивање непријатели и завршување на достигнувања во играта, како што е постигнување одреден број убиства со кое било вид оружје. Како што се зголемува искуството и се постигнуваат нови нивоа, играчот може да потроши точки за вештини на табелата за вештини со три различни специјализации на ликови. За да се заврши Borderlands 2 со еден лик, ќе бидат потребни приближно 50 часа.[2][3]

  1. Matthew DeCarlo (2011-08-08). „More information about Borderlands 2 revealed“. Tech Spot. Архивирано од изворникот на 2012-09-17. Посетено на 2011-08-27.
  2. Shaun McInnis (2011-08-17). „Gamescom 2011: Borderlands 2 First-Look Preview“. Gamespot. Архивирано од изворникот на 2012-09-17. Посетено на 2011-08-27.
  3. Андрей Поповцев. „Прохождение Borderlands 2 займет 58 часов“ (руски). Игры@Mail.Ru. Архивирано од изворникот на 2012-10-11. Посетено на 2012-07-27. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help); Занемарен непознатиот параметар |datepublished= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]