14 јули (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1789  Граѓаните на Париз го освоија злогласниот затвор Бастилја и ги ослободија затворениците, со што почна Француската револуција. Овој ден се слави како национален празник на Франција.
1867  Алфред Нобел, шведскиот иноватор, кај англискиот град Редхил за прв пат го демонстрира разорното дејство на неговиот најнов изум — динамитот.
1933  Националсоцијалистите во Германија, кои во јануари на чело со Адолф Хитлер доаѓаат на власт, ги забрануваат сите опозициски партии.
1999  17 години по завршувањето на Фолкландската војна меѓу Аргентина и Велика Британија, обновена е воздушната линија меѓу Аргентина и овој архипелаг во Атлантикот.
2006  Љубчо Георгиевски, поранешен премиер на Република Македонија и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ наводно стана бугарски државјанин. Оваа постапка, која до денес не е потврдена од никого, предизвика бројни полемики во Република Македонија околу неговата вистинска улога во политичкиот живот на земјата во претходните 15 години.