Штитник (инструмент)
Штитникот на еден музички инструмент е парче пластика или друг ламиниран материјал, којшто се поставува под жиците на телото на гитарата, мандолинатата или сличен жичен инструмент. Главната намена на штитникот е да ја заштити бојата на гитарата од гребаници од плектрумот, па оттаму и името „штитник“.
Освен што има практична примена, штитникот исто така може да се користи за декорација и често се изработува во боја контрастна на онаа на телото на гитарата (популари варијанти се бели штитници на потемни гитари и црни штитници на посветли гитари). Освен пластика, како други материјали за изработка на штитници може да се искористат и плексиглас, стакло, иверица, штоф, метал или седефни/бисерни варијанти. Скапите гитари може да имаат луксузни штитници изработени од егзотични дрва, крзна, кожи, кристали или скапоцени метали.
Штитникот е често место за потпишување на автограми, со оглед на тоа што штитникот може лесно да биде демонтиран и преместен на друга гитара.
Типови на штитници
[уреди | уреди извор]Штитниците се појавуваат во многу различини форми и дизајни, но дизајнерите вообичаено се обидуваат да ги совпаднат дизајните на штитникот и на главата на инструментот. И двете може да се користат за вметнување на лого, фирма или елементи во стилот на производителот.
Акустични и класични гитари
[уреди | уреди извор]Агресивното удирање на жиците со плектрум може лесно да ја оштети полираната површина на телото на гитарата. Штитниците на акустичните гитари вообичано се изработуваат од танки (2 mm) листови пластика (како PVC), прицврстен со помош на лепило веднаш под звучната дупка. Материјалот не треба да биде многу дебел или тежок со оглед на тоа што ова може да ја намали вибрацијата на дрвото и да го промени тоналитетот или гласноста на инструментот. Иако не е работа за почетниците, многу изгребан или оштетен штитник може да биде заменет од гитарски техничар или лутиер. На некои постари Martin гитари често се гледа црниот штитник како е подвиткан нагоре на рабовите каде што лепилната врска помеѓу пластиката и дрвото се раскинала. Ова вообичаено не претставува проблем и додава на „карактерот“ на инструментот.
Класичните гитари ретко имаат штитник со оглед на тоа што тие најчесто се свират со прсти и не претставуваат предмет на многу гребаници. Обратно пак, фламенко гитарата е предмет на агресивно свирење со ноктите и често има штитници и под и над звучната дупка.
Fender-стил
[уреди | уреди извор]Пластичните гитари во Fender стил вообичаено се поставуваат на електрични гитари со тврдо тело, модели како Fender Stratocaster и Fender Telecaster (и многуте нивни реплики) и често прекриваат голем дел од горната површина. Повеќето од електронските компоненти на гитарата (магнети, потенциометри, прекинувачи и жици) се монтирани на или зад штитникот и овој дизајн ги упростува поправките на жиците откако ќе се отстрани штитникот. Поправките вообичаено се многу потешки со гитари во Gibson стил, бидејќи сите внатрешни делови се достапни само низ f-дупката на телото.
Gibson-стил
[уреди | уреди извор]На повеќето гитари од типот на Gibson Les Paul, пластичниот штитник е вообичаено поткренат на метални подесливи потпори. Овој дизајн овозможува да се променува висината со цел да ги задоволува потребите на гитаристот и неговата свирачка положба, особено ако ова вклучува потпирање на еден или повеќе прсти на штитникот (затоа, исто така се нарекува и потпора за прстите). Електронските делови најчесто не се монтирани на овој тип на подигнат штитник.
Материјали
[уреди | уреди извор]Додека самостојно дизајнираните штитници се изработуваат од разни материјали, повеќето масовни производители користат разни пластики. Следниве се среќаваат најчесто:
- Целулоид. Вообичаено поврзана со „vintage“ гитарите, оваа пластика е достапна во разни бои и дизајни, но има неколку недостатоци кои се минус за нејзината употреба во денешно време:
- Екстремно е запаллив. Изведувачите кои пушат близу нивните инструменти со целулоидни штитници можат со мало невнимание да запалат сѐ.
- Како пластика заснована на растворувач, целулоидот има тенденција да се намалува со текот на годините, што го прави штитникот да се свива на рабовите. Тоа додава додатна тензија на дрвото под штитникот и понекогаш се појавуваат пукнатини. Ова е често на постари акустични гитари од компанијата Martin. На електричните гитари, каде што штитникот се прицврстува со помош на завртки, целулоидните штитници се напукнуваат самите себеси поради притисокот од намалувањето.
- Винил. Помодерна и пораспространета пластика, која што нема тенденција да се намалува и не е високозапаллива.
- Поливинил хлорид.
- Органско стакло.
Самостојни дизајни
[уреди | уреди извор]Штитникот на гитара со тврдо тело е најчесто првиот дел кој е изменет од ентузијастите кои сакат да додадат креативни дизајни или да користат различни материјали. Многу компании денес нудат алтернативни дизајни за штитниците со цел да му дадат на уникатен изглед на инструментот.
Штитникот е понекогаш намерно изоставен од дизајнот на гитарата. На пример гитарите од моделот Superstrat со neck-thru дизајн на вратот целат кон максимален сустејн и имаат тенденција да не содржат пластични делови, рамки на магнетите или пластични потенциометри. Сѐ што може да го скрати звукот се трга од гитарата.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Штитници на FRETS.COM Архивирано на 15 февруари 2006 г.
- Одморачи за прсти на FRETS.COM Архивирано на 30 ноември 2005 г.
- Бои и материјали за штитници Архивирано на 2 јануари 2007 г. на Warmoth
- Штитници Архивирано на 2 јануари 2007 г. - статија на Fret Not Guitar Repair
- Замена на штитник Martin Архивирано на 11 декември 2006 г. - статија на Fret Not Guitar Repair