Звучна дупка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Податотека:Acoustic guitar sound hole.jpg
Традиционална кружна звучна дупка на акустична гитара
F-дупка на контрабас

Звучната дупка е отвор на предниот дел на жичан музички инструмент.

Звучната дупка може да има различни форми: кружна кај гитарите, f-дупка кај инструментите од виолинската или виолската фамилија и кај некои гитари, розетна кај лејтите. Мандолините може да имаат кружни или овални дупки. Куржна или овална дупка е обично една, под жиците. F-дупките пак, вообичаено се изработуваат во парови и се сместени симетрично на двете страни на жиците.

Некои Ovation гитари имаат уникатен дизајн на звучната дупка со неколку помали звучни дупки за кои се вели дека доколку се комбинирани со композитно тело на гитарата заоблено отпозади произведуваат почист звук.

Иако намерата на звучните дупки е да им помогнат на акустичните инструменти да го проектираат својот звук поефикасно, звукот не зависи единствено (ниту најповеќе) од локацијата на звучната дупка. Повеќето од звукот излегува од површината на гитарата на двете звучни плочи, со тоа што звучните дупки играат улога во тоа што им дозволуваат на звучните плочи да вибрираат послободно, и со тоа што дозволуваат на дел од вибрациите да патува надвор од инструментот.

Надворешни врски[уреди]

  • Stringworks U - кратко објаснување на ефектот на звучните дупки, со дијаграм на звучна дупка во f-форма одблизу.