Глава (инструмент)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Типична глава на електрична гитара

Главата е дел од гитара или некој сличен жичен инструмент. Главната функција на една глава е да ги држи жиците на инструментот. Жиците одат од кобилицата, преку вратот и вообичаено се фиксирани на штимерите на главата. Штимерите се користат за штимање на гитарата со подесување на затегнатоста на жиците, и последователно, висината на звукот кого го произведуваат.

Детали за конструкцијата[уреди | уреди извор]

Два традиционални распореди на штимерите се наречени „3+3“ (3 горни штимери и 3 долни) и „6 во линија“ штимери, иако постојат многу други комбинации, особено за бас гитари и гитари кои не се шестжичени. Кога не постојат штимери (на пример, штимерите не се потребни или се сместени на друго место, на пример, на телото на гитарата), главата на гитарата може целосно да е изоставена, како во гитарите Steinberger или на некои модели на чапманов стик.

Шематската секција ги покажува и правите и зааглените глави. Забележете го аголот β помеѓу вратот и главата.

Главата може да биде изработена одделно и залепена за вратот користејќи некој тип на зглобови. Постојат два големи трендови во конструкцијата на глави, засновани на тоа колку далеку заминува шицата по минувањето на крајот на вратот. Поволностите и неповолностите на двата тренда се многу дискутабилни и сујбективни, па затоа се користат овие две варијанти:

  • Правите глави формираан една рамнина со рамна површина на вратот (и на делот за свирење). Ова ги прави вратот и главата полесни за изработување, бидејќи тие може да бидат изработени од едно парче дрво. Fender вообичаено користи незааглени, прави глави.
  • Зааглените глави формираат некој тип на остар агол со површината на вратот. Вредноста на „магичниот агол“ (наречен косина на главата) која ги дава најдобриот тоналитет и стабилност е многу дискутабилна, но вообичаено се наоѓа помеѓу 3° до 25°. На пример, разни производители и специфични модели на гитари користат:

и VII,[8]Gibson X-plorer,[9]и некои винтажни гитари,[10] Washburn,[11] повеќето буџетски Epiphone реплики на моделите на Гибсон[12]

Лутиерите од двата стила често како предности ги наведуваат подобриот звук, подолгиот сустејн и подолгото време коешто жиците остануваат наштимани. Кршливата конструкција се наведува како недостаток на секој стил исто така: вратовите од еден дел се поподложни на кршење на случаен удар и се потешки за поправка, додека пак залепените вратови може да се скршат со тек на времето.

Покрај нејзината главна функција, главата е важен декоративен детал на една гитара. Тоа е местото каде што огромното мнозинство од производителите на гитари го цртаат своето лого. Некои гитари без штимери (на пример, оние опремени со Floyd Rose Speedloader) имаат глава чисто поради декоративни причини.

Заштитни контури на глави[уреди | уреди извор]

Глава на гитара од серијата ARTCORE на Ibanez

Сите поголеми производители на гитари имаат заштитни глави кои ги прават нивните гитари или гитарски серии лесно препознатливи. Непишан етички закон на гитарска индустрија го дозволува копирањето на дизајни на целото тело, но ниту една голема фирма не ги копира дизајните на главите. Како што се гледа во подолниот дел, дури „копираните“ на прв поглед имаат јасно видливи разлики во димензиите, пропорциите на елементите и слично, па така скоро секогаш е возможно да се погоди името на производителот само од изгледот на главата.

Глави во Fender форма, 6 во линија[уреди | уреди извор]

Класични 3+3 глави[уреди | уреди извор]

Остри глави, 6 во линија[уреди | уреди извор]

2 Глава, Moonlander, Yuri Landman, 2007
  1. „UG Community @“. Ultimate-guitar.com. Архивирано од изворникот на 2007-09-30. Посетено на 2010-08-10.
  2. „Bigsby Guitars & Vibratos - Official Website“. Bigsbyguitars.com. Архивирано од изворникот на 2008-03-23. Посетено на 2010-08-10.
  3. „Yamaha SGV Series Takes Guitar To The Extreme“. Giles.com. 2000-04-14. Архивирано од изворникот на 2011-07-11. Посетено на 2010-08-10.
  4. „Peavey.com“. Peavey.com. Посетено на 2010-08-10.
  5. „Warmoth replacement guitar necks: Warmoth "Pro" 13°“.
  6. „Warmoth replacement bass necks: 13° Angled Pegheads“.
  7. „Gibson Guitar: Electric, Acoustic and Bass Guitars, Baldwin Pianos“. Gibson.com. 2008-06-24. Архивирано од изворникот на 2008-10-15. Посетено на 2010-08-10.
  8. „Gibson Guitar: Electric, Acoustic and Bass Guitars, Baldwin Pianos“. Gibson.com. 2008-06-24. Архивирано од изворникот на 2008-11-20. Посетено на 2010-08-10.
  9. „Gibson Guitar: Electric, Acoustic and Bass Guitars, Baldwin Pianos“. Gibson.com. 2008-06-24. Архивирано од изворникот на 2009-01-25. Посетено на 2010-08-10.
  10. „Vintage Guitars Info - Gibson solidbody vintage guitar collecting“. Provide.net. Посетено на 2010-08-10.
  11. „Washburn N4VINTAGE Electric Guitar“. Архивирано од изворникот на 2015-12-22. Посетено на 2015-12-15.
  12. „Epiphone Musical Instruments - News“. Epiphone.com. 2006-05-31. Архивирано од изворникот на 2010-02-02. Посетено на 2010-08-10.