Шошони

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шошони
Група Шошони (1903)
Вкупен број
12.300 (2000)
Подрачја со значајно население
 САД
(Ајдахо Ајдахо,
Калифорнија Калифорнија, Невада Невада, Орегон Орегон, Јута Јута, , Вајоминг Вајоминг)
Јазици
шошонски јазик [1], англиски јазик
Вероисповед
црква на американските домородци, танц на Сонцето, традиционална племенска религија[2] , танц на духовите
Сродни народи
Тимбиши и Команчи
Вашаки, поглавица на Шошоните
Воин Шошон
Шошонски шатор

Шошонисеверноамерикански староседелци од групата нумички (платошошонски) народи населени во Големиот Басен, која ѝ припаѓа на семејството на јутоастечки народи.

Шошоните се делат на три групи племиња: Западни Шошони, Северни Шошони и Источни или Винд Ривер Шошони. Западните Шошони го населувале подрачјето на источна и североисточна Невада, северна и западна Јута, крајниот југоисток на Ајдахо и подрачјето Панаминт во Калифорнија. Северните Шошони (вклучително и племето Леми Шошони) се наоѓале во средишниот и јужниот Ајдахо, источен Орегон, во граничното подрачје на северозападен Вајоминг со Ајдахо и југозападен Вајоминг. Источните Шошони живееле во Вајоминг и на тромеѓата Вајоминг, Јута и Ајдахо.

Шошоните заедно со Команчите и Тимбишите ѝ припаѓаат на групата Прави Шошони (Централни Нумици), чии јазици ја сочинуваат групата јутоастечки јазици позната како централнонумички јазици. Тимбишите или Панаминтите живееле на подрачјето на калифорнискиот Панаминт. На крајот, Команчите живееле во западен Тексас.

Знаме на Источните Шошони

Западните, Северните и Винд Ривер (Источните) Шошони понатаму се делат на локални групи. Команчите по потекло се Винд Ривер Шошони од кои се одвоиле. Панаминтите (со Команчите) е уште една група која долго време живее одвоена од матичната шошонска заедница. Индијанците Вебер Јути, не им припаѓаат на Јутите, туку добиле погрешно име, и им припаѓаат на правите Шошони. Централнонумичките јазици заедно со јужнонумичките и западнонумичките ја сочинуваат групана на нумички (шошонски) јазици, која претходно била именувана платошошонска.

На пошироката група нумичко население, т.е. платошошонските народи, ѝ припаѓаат народите Јути и нивните локални групи, па Чимеуеви, Јужни Пајути, Северни Пајути, Банок, Каваису, Овенс Воли Пајути (Источни Моно) и Моно (Западни Моно), но не се дел од шошонскиот народ, туку ѝ припаѓаат на платошошонската (нумичката) група народи.

Име[уреди | уреди извор]

Значењето на името Шошони не е познато и веројатно настанало од некој туѓ назив. Честиот назив Снејк (Змиски Индијанци) кое им се дава, главно се однесува на нивните групи Јахускин и Валпапи од Орегон.

Култура[уреди | уреди извор]

Голем дел од Големиот Басен е сува пустина, прилично непогодна за живот. Борови шуми може да се најдат дури во планините или во близина на потоците и езерата. Климата се одликува со суви и жешки лета и екстремно ладни зими. Целиот басен е опкружен со планински венци. На источните граници се протегаат Стеновитите Планини и Сиера Невада на запад. Платото Колорадо е негова јужна граница, додека на север се наоѓа платото Колумбија. Планините на исток и запад кои го опкружуваат Големиот Басен не погодува на продор на дождовни облаци кои на нив го оставаат целиот дожд, истовремено испарувањето во басенот е многу високо. Годишните врнежи изнесуваат 5,1–51 л/см годишно. Шошоните сепак тука опстанале.

Во многу негостољубивото подрачје на Големиот Басен, Индијанците морале најголем дел од времето да го поминуваат во потрага по храна. Изворите биле многу скудни, змиите, разните инсекти и опасните пајаци, како и ретките растенија им биле целокупен избор. Семејствата на Западните Шошони живееле на најскудното тло, организацијата била ограничена неколку сродни семејства кои љубоморно ги чувале своите извори на храна. Се движеле пешки. Нивните домови биле ветробрани од гранки преку лето, или конусни колипки вигвами преку зима. Облеката на Западните Шошони била сиромашна, многу посиромашна од онаа на Северните и Источните Шошони, кои на располагање ја имале преријата, бизоните и коњите.

Шошоните денес[уреди | уреди извор]

Правите Шошони денес живеат по бројните мали резервати во Невада (Западни Шошони), Јута (Гошјути), Ајдахо (Северни Шошони, Леми; 9.400, 2000 година), Вајоминг (Винд Ривер или Источни) и Калифорнија (Панаминт; 100, 2000 година), те Команчи во Оклахома (7.000, 2000 година).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. "Shoshoni." Ethnologue. Retrieved 20 Oct 2013.
  2. Loether, Christopher. "Shoshones." Encyclopedia of the Great Plains. Retrieved 20 Oct 2013.