Шашави раскази
Шашави ракази е збирка раскази на чешкиот писател Јарослав Хашек, објавена во 2011 година од издавачката куќа „Темплум“. Преводот од чешки јазик е направен од Маргарета Карајанова.
Технички податоци
[уреди | уреди извор]Збирката „Шашави ракази“ е објавена како 91 книга од библиотеката „Магма“. Таа има 159 страници и е испечатена во мек повез и со мал формат (21 сантиметар). Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, со ознаката ISBN 978-9989-189-94-4. На предната корица е ставена слика од Фернандо Ботеро (Fernando Botero), додека на задната корица е даден кус осврт врз делото и куса биографија на авторот. Книгата е финансирана од Министерството за култура на Република Македонија.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Збирката содржи вкупно 20 раскази, и тоа: 10 раскази плус 10 раскази од циклусот под наслов „Командантот на градот Бугулма“. На крајот од книгата се наоѓа текстот на Карел Косик, насловен како: „Швејк и Бугулма или раѓањето на големиот хумор“, како и освртот врз животот и творештвото на Хашек, под наслов: „Јарослав Хашек - Анархист на 21 век“.[2] Во збирката се поместени следниве раскази:
- Финансиски проблеми
- Детален опис на сурова крими приказна
- Сонот на гимназијалецот Папоушек
- Кога почнав да пишувам
- Во друштво на библиофили
- Сериозна фирма
- За полицискиот пес и за брачната невера
- Старецот Јанчар
- Походот на разбојникот Шејба
- Психијатриска загатка
- Командантот на градот Бугулма
- Аѓутант на командантот на градот
- Патот на крстот
- Во стратешки неволји
- Славните денови на Бугулма
- Нови опасности
- Потемкинови села
- Неволји со заробениците
- Пред револуционерниот трибунал на источниот фронт
- Мало несогласување