Прејди на содржината

Шаво Одаџјан

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Шаво Одаџијан)
Шавариш (Шаво) Одаџјан
На концерт во живо
Животописни податоци
Родено имеШавариш Одаџјан
Познат(а) и какоДиџеј Тактик (1998–денес)
Диџеј Декомпозер (2009 –денес)
Роден(а)22 април 1974(1974-04-22)(50 г.)
Ереван, СССР
ПотеклоЛос Ангелес, Калифорнија, САД
Жанровиалтернатив метал, експериментален хип-хоп, ну метал, траш метал, хард рок
ЗанимањаМузичар, текстописец, мулти-инструменталист, режисер на видео
Инструментибас гитара, гитара, вокали, мандолина, оуд, ситар, тапани, виолина, клавитара
Период на активност1992–денес
ИздавачиAmerican, Columbia, urSESSION
СоработнициSystem of a Down, Achozen, Џорџ Клинтон, Slayer, Linkin Park

Шавариш „Шаво“ Одаџјан (ерменски: Շավարշ "Շավո" Օդաջյան; роден на 22 април 1974) е ерменско-американски текстописец, мулти-инструменталист, режисер и уредник на видео, музички продуцент, и сликар. Тој е најдобро познат како басист, вокал и повремено текстописец на групата добитник на Греми наградаSystem of a Down

Животопис

[уреди | уреди извор]

Одаџјан е роден во Ереван, Ерменија. Се преселил во Лос Ангелес како многу млад, каде учел во ерменското основно училиште Алекс Пилибос, заедно со неговите идни членови на бендот, Дарон Малакијан и Серж Танкијан. Сепак не се дружеле во тоа време, поради разлика во годините.[1] Одаџјан подоцна изјавил дека во текот на младоста времето го трошел најмногу на возење скејтборд и слушање панк рок и хеви метал музика. Меѓу другите, негови омилени групи биле: Dead Kennedys, KISS, Slayer, Битлси и Блек Сабат, кои влијаеле врз неговиот музички развој и кариера.[2]

Музичка кариера

[уреди | уреди извор]

System of a Down

[уреди | уреди извор]
Одаџјан со Серж Танкијан на концерт на System of a Down, во 2013 година во Париз

Додека студирал психологија и уметност и работел во нака, Одаџјан почнал да собира група, во која членувале Дарон Малакијан и Серж Танкијан во 1993 година. Одаџјан ги сретнал за време на снимање во студио, каде снимал песна со својата група. Двајцата музичари го замолиле за помош, и така Одаџјан станал менаџер на групата. Во интервју, Одаџјан изјавил дека било тешко да се обезбеди настап на групата:

Јас бев менаџер, но ние немавме демо снимки, немавме пари, а сакавме настап во живо. Во тоа време работев во банка, и на пауза меѓу два трансфера на пари се јавував во ноќниот клуб Рокси. „Еј, може ли да ни дадете настап? Еди, дај ни настап.“ Тој одговараше: „Донеси ми демо снимка, не можам туку така да ви дадам настап.“ По пет минути повторно му ѕвонев. Еден ден од Рокси едноставно рекоа: „Добро! Ако продадете 75 влезници.“ Ние продадовме 150.[3]

Брадата на Одаџјан

Во 1995 година, Одаџјан станал басист на групата, и пеел придружни вокали. Се нарекле System of a Down, по поемата „Victims of a Down“ на Дарон Малакјан. Одаџјан сметал дека зборот „жртви“ не одговара да биде дел од името на групата, и дека зборот „систем“ опфаќа поголема група на слушатели. Прва објавена песна им била „Шеќер“ (Sugar). Одаџјан ги режирал музичките видеа на групата, и бил одговорен за поставување на сцената, односно дизајнот и осветлувањето на нивните изведби во живо.[4]

Бендот беше во прекин помеѓу 2006 и 2010 година, при што членовите на групата се фокусирале на надворешни проекти. На 23 ноември 2010 година, групата објави официјална изјава во која се наведува дека ќе учествуваат на голем број европски фестивали во 2011 година, а учествувале и на голем број емисии во Северна Америка.

Повторно собирање

[уреди | уреди извор]

На 31 октомври 2009 година, Одаџјан бил водител на настанот „Хеловин“ во „Рокси“, каде тој заедно со двајцата членови од групата на сцената извеле неколку песни заедно.[5] Триото System of a Down настапиле заедно на 20 ноември 2009 година на добротворен настап.[6]

Одаџјан како ди-џеј во клуб во Холивуд

Одаџјан започнал свој музички проект во мај 2006 година наречен AcHoZeN, чиј слоган бил:

Многумина ќе дојдат, но малкумина ќе бидат Achozen.

Четворицата членови сметале дека нивната музика не е само духовна, туку дека претставува нов жанр, „хеви хип-хоп“. Според еден критичар, музиката на Achozen е космичко доживување на хип-хоп,[7] а самиот Одаџјан изјавил дека нивниот звук е „револуција во музиката“. Во голем дел албумот на Achozen бил снимен во двете студија на Одаџјан, а тој се појавува и како продуцент.

Шаво на настап во живо со Achozen.

Првиот настап во живо на AcHoZeN бил на 1 декември 2006 година, во клуб во Лос Анџелес.[8]

На 13 ноември 2009 година, на мрежното место на Одаџјан била поставена втора нумера на AcHoZeN, со најава дека следува албум кон средината на 2010 година, но албумот не бил реализиран.[9]

Во 2015 година, бил објавен албум со 8 песни.

Во 2008 година Одаџјан со својот пријател Нарб Аведисјан основал мрежно место наречена Ursession, на која сакал да ги обедини звуците од сите жанрови и стилови од светот. На страницата биле поставени ексклузивни архиви, фотографии невидени дотогаш од Еминем и други изведувачи, посебно од нивните први настапи.[10]

Одаџјан како сестран уметник започнал да се реализира одамна, така што кога имал 18 години, во 1993 година, се појавил на МТВ во видеото за песната Big Gun на групата AC/DC, заедно со денешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер. Во 2001 година се појавил во филмот Zoolander како едан од пријателите на Хансел. Во 2006 година глумел во документарецот Screamers, на познатиот режисер Карла Гарапедијан. Филмот ги прикажува Одаџјан и другите членови на групата System of a Down на нивната турнеја низ Европа и САД, укажувајќи на ужасите од геноцидот што започнал во 1915 година во Ерменија и продолжил сè до денес во Дарфур.[11]

Дискографија

[уреди | уреди извор]

System of a Down;
  • System of a Down (1998)
  • Toxicity (2001)
  • Steal This Album! (2002)
  • Mezmerize (2005)
  • Hypnotize (2005)

Џорџ Клинтон
  • George Clinton and His Gangsters of Love (2008)
AcHoZeN

Друго
Година Изведувач Песна Објавено
Албуми и музика
2003 Serart "Narina" Serart
2007 Wu-Tang Clan "Unpredictable" 8 Diagrams[13]
"Starter"
2009 Sunz of Man & Shavo Odadjian "Dead Birds" The RZA Presents: Afro Samurai Resurrection OST
Brooklyn Zu "If I had a Gun" Chamber#9, Verse 32[14]
Raekwon "Gihad" Only Built 4 Cuban Linx... Pt. II
"Penitentiary"
  1. „Last FM: System of a Down Biography“. Music-city.org. Архивирано од изворникот на 2018-03-10.
  2. „Interview with System of a Down“. "NYRock. Архивирано од изворникот на 28 јуни 2011. Посетено на 18 јули 2011.
  3. „Interview: System of A Down Continues to Rage with Hypnotize“. Campuscircle.com. Посетено на 2011-07-18.
  4. "Shavo's Yerevan Magazine Interview Dec. 09" Архивирано на 25 март 2010 г.
  5. "Hallow9een Show Hosted by Shavo" Архивирано на 26 февруари 2010 г.
  6. "3/4 of System of a Down Reunite for Chi Benefit Show" Архивирано на 24 март 2010 г.
  7. "Achozen: a name to remember" Архивирано на 30 мај 2011 г.
  8. „System of a Down's Shavo Odadjian: The Gibson Interview“. Gibson.com. 24 јуни 2008. Архивирано од изворникот на 4 август 2011. Посетено на 18 јули 2011.
  9. „Shavo Odadjian Releases a New Achozen Song for Free on Friday the 13th“. Wuforever.com. 10 ноември 2009. Архивирано од изворникот на 23 декември 2014. Посетено на 18 јули 2011.
  10. "Shavo Odadjian: The System of a Down bassist on making music, film, and opening up the Internet" Архивирано на 7 март 2009 г.
  11. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име soadfans.com.
  12. „Shavo Discography at Discogs“. Discogs.com. April 22, 1974. Посетено на 2011-07-18.
  13. „Brooklyn Zu ft. Shavo 'If I Had a Gun'. Nahright.com. July 3, 2008. Архивирано од изворникот на 2011-07-16. Посетено на 2011-07-18.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]