Прејди на содржината

Wu-Tang Clan

Од Википедија — слободната енциклопедија
Wu-Tang Clan
Членовите на Wu-Tang Clan и нивните соработници на настап на фестивалот „Вирџин“ во Балтимор (2007)
Животописни податоци
ПотеклоЊујорк, САД
Жанрови
  • Хип-хоп од Источниот Брег
  • хардкор-хип-хоп[1][2][3]
Период на активност1992–денес[4]
Издавачи
Мреж. местоwutangclan.com
Членови
Поранешни членови
Ol' Dirty Bastard

Wu-Tang Clan (транскрипција: Вутанг клан; IPA: /ˈwuː.tæŋ klæn/) ― американски хип-хоп-колектив основан во Стејтен Ајленд во Њујорк, во 1992 година. Во него членуваат: RZA, GZA, Method Man, Raekwon, Ghostface Killah, Inspectah Deck, U-God, Masta Killa и, до неговата смрт во 2004 година, Ol' Dirty Bastard. Нивниот близок соработник Кападона подоцна станал официјален член. Тие извршиле ревитализација на хип-хопот на Источниот Брег[5][6] и се сметаат за една од најуспешните хип-хоп групи на сите времиња.[7][8]

Во 1992 година групата потпишала договор со издавачката куќа Loud Records и во 1993 година го издале нивниот прв албум Enter the Wu-Tang (36 Chambers); албумот добил позитивни критики и денес се смета за еден од најдобрите хип-хоп-албуми на сите времиња.[9][10][11] Членовите на групата во периодот од 1994 до 1996 година издале соло-албуми. Во 1997 година групата го издала вториот албум, Wu-Tang Forever. Албумот дебитирал на врвот на Билборд 200 и во 1998 година бил номиниран за Греми за „Најдобар рап албум“. Подоцна групата ги објавила албумите: The W (2000), Iron Flag (2001), 8 Diagrams (2007) и <i id="mwTA">A Better Tomorrow</i> (2014), но сите тие не успеале да ја достигнат популарноста на нивниот втор албум. Единствениот примерок од нивниот седми албум, Once Upon a Time in Shaolin (2015), бил купен за 2 милиони долари од Мартин Шкрели, поранешен менаџер на хеџ фонд.[12]

Wu-Tang Clan ги промовирала и започнала кариерите на многу музичари и групи со кои соработувала, заедно познати како Wu-Tang Killa Bees.[13] Во 2008 година, групацијата About ги прогласила Wu-Tang Clan за најдобра хип-хоп-група на сите времиња.[8] Крис Екс од Ролинг Стоун за Wu-Tang Clan рекол дека се „најдобра рап-група дотогаш“.[14] Во 2004 година, дигиталното списание NME ги прогласило за една од највлијателните групи во последните десет години.[15]

Членови[уреди | уреди извор]

  • RZA (Роберт Фицџералд Дигс) – пејач, продукција (1992-денес)
  • GZA (Гери Грајс) – пејач (1992–денес)
  • Ol' Dirty Bastard (Расел Тајрон Џонс) – пејач (1992–2004, негова смрт)
  • Method Man (Клифорд Смит) – пејач (1992-денес)
  • Raekwon (Кори Вудс) – пејач (1992-денес)
  • Ghostface Killah (Денис Колс) – пејач (1992-денес)
  • Инспекта Дек (Џејсон Хантер) – пејач (1992-денес)
  • U-God (Ламонт Џоди Хокинс) – пејач (1992-денес)
  • Маста Кила (Елгин Тарнер) – пејач (1993-денес)
  • Кападона (Дарил Хил) – пејач (2007-денес)

Дискографија[уреди | уреди извор]

Студиски албуми[уреди | уреди извор]

  • Enter the Wu-Tang (36 Chambers) (1993)
  • Wu-Tang Forever (1997)
  • The W (2000)
  • Iron Flag (2001)
  • 8 Diagrams (2007)
  • A Better Tomorrow (2014)
  • Once Upon a Time in Shaolin (2015)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Miszczynski, Milosz; Helbig, Adriana (2017). Hip Hop at Europe's Edge: Music, Agency, and Social Change. Indiana University Press. стр. 105. ISBN 978-0-253-02321-6.
  2. Morris, Chris (September 20, 1997). „Hot Rap Act Wu-Tang Clan Runs Into Troubled Waters“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. стр. 1. ISSN 0006-2510.
  3. „Drum: A Magazine of Africa for Africa“. African Drum Publications. 1998. стр. 59. Rap gems for hip hop brigade Hip hop fans should enjoy the soundtrack of the movie Soul In The Hole featuring hardcore rap artists the Wu-Tang Clan, Organized Kon- fusion, Mobb Deep and Xzibit. Наводот magazine бара |magazine= (help)
  4. Matt Diehl (December 8, 1996). „Brash Hip-Hop Entrepreneurs“. The New York Times. Архивирано од изворникот November 15, 2020. Посетено на June 8, 2019.
  5. Huey, Steve. „Enter the Wu-Tang (36 Chambers) – Wu-Tang Clan“. AllMusic. Архивирано од изворникот на June 2, 2012. Посетено на September 18, 2009.
  6. Green, Dylan. „Wu-Tang Clan: Enter the Wu-Tang (36 Chambers)“. Pitchfork (англиски). Посетено на 2023-12-31.
  7. Празен навод (help)
  8. 8,0 8,1 Adaso, Henry.
  9. „Wu-Tang Clan – Enter the Wu-Tang (Vinyl LP) at Music Direct“. Musicdirect.com. Архивирано од изворникот на November 15, 2020. Посетено на December 25, 2015.
  10. „Wu-Tang Clan :: Enter the Wu-Tang (36 Chambers) :: Loud/RCA“. Rapreviews.com. Архивирано од изворникот на September 28, 2015. Посетено на December 25, 2015.
  11. „Wu-Tang Clan's Anniversary LP Gets A Symbolic Title“. MTV News. Архивирано од изворникот на November 15, 2020. Посетено на December 25, 2015.
  12. Plante, Chris (December 17, 2015). „FBI: We don't have the Wu-Tang album, leave us alone“. The Verge. Архивирано од изворникот на November 15, 2020. Посетено на December 18, 2015.
  13. Erlewine, Stephen Thomas; Prato, Greg (2007). „Wu-Tang Clan – Biography“. AllMusic. Архивирано од изворникот на November 15, 2020. Посетено на December 15, 2010.
  14. „Wu-Tang Clan“. Webcitation.org. Архивирано од изворникот на May 19, 2008. Посетено на April 17, 2013.
  15. „Wu Tang Clan: Legend Of The Wu-Tang : Wu-Tang Clan's Greatest Hits“. NME. December 8, 2004. Архивирано од изворникот на November 15, 2020. Посетено на January 13, 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]