Читачот (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Читачот
(The Reader)“
The Reader Poster.jpg
Официјален постер
Режисер Стивен Долдри
Продуцент Антони Мингела
Сидни Полак
Скот Рудин
Сценарист Дејвид Хер
Настапуваат Кејт Винслет
Рејф Фајнс
Дејвид Крос
Александра Марија Лара
Жанр драма
Музика Нико Мули
Дистрибутер [The Weinstein Company
Премиера 10 декември 2008
Времетраење 124 мин.
Држава Flag of the United States.svg САД
 Германија
Јазик англиски
Буџет 32 мил. долари

Читачот ( англиски: The Reader ) е американски филм од 2008 година, во режија на Стивен Долдри. Филмот е адаптација на истоимената германска новела на Бербард Шлинк од 1996. Филмската адаптација ја напишал Дејвид Хер. Рејф Фајнс и Кејт Винслет се дел од актерската екипа заедно со младиот актер Дејвид Крос. Ова е последниот филм на продуцентите Антони Мингела и Сидни Полак бидејќи и двајцата починале пред да биде промовиран филмот. Продукцијата започнала во Германија во септември 2007 година, а филмот својата американска премиера ја имал на 10 декември 2008.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Мајк и чита на Хана после водењето љубов

Приказната се случува во поствоена Германија каде тинејџерот Мајкл Берг ќе се разболи, а помош ќе најде кај Хана, необична туѓинка што е двојно постара од него. Мајкл закрепнува од болеста и ќе тргне да ја бара Хана за да ѝ се заблагодари. Тие двајца ќе бидат вовлечени во страстна, но тајна љубовна афера. Мајкл открива дека Хана сака да слуша додека ѝ читаат. Додека тој нејзе ѝ чита од "Одисеја", "Хак Фин" и "Дамата и малото куче", нивната врска се продлабочува. Сепак и покрај нивната интензивна врска, Хана еден ден мистериозно исчезнува, а Мајкл останува сам со скршено срце. Осум години подоцна, додека Мајкл е студент на правен факултет и ги следи судењата за воен криминал на нацистите, тој е изненаден кога ќе ја сретне повторно Хана, но овој пат како обвинета во случајот. Додека нејзиното минато се открива, Мајкл дознава за една голема тајна, која ќе донесе големи промени во животот на двајцата.

Актерска екипа[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Кејт Винслет Хана Шмиц
Дејвид Крос Мајкл Берг
Рејф Фајнс Мајкл Берг (возрасен)
Александра Марија Лара Илана Мадер
Бруно Ганц Рол
Лена Олин Роуз Мадер

Продукција[уреди | уреди извор]

Во април 1998 Мирамакс се стекнал со правата за романот Читачот,[1] а главната фотографија започнала во септември 2007 веднаш откако Стивен Долдри бил назначен за режисер а Фајнс бил одбран да ја толкува главната улога.[2][3] Винслет првично била одбрана да ја игра Хана, но не можејќи да го усогласи тајмингот со снимањето на Револуционерен пат, се откажала од филмот па Никол Кидман била одбрана како нејзина замена.[4] Во јануари 2008, Кидман го напуштила снимањето поради семејни обврски. Таа немала снимено ниту една сцена па студиото можело повторно да ја ангажира Винслет.[5]

Снимањето било во Берлин, во Герлиц и завршило во Келн на 14 јули.[6] Шлинк инсистирал снимањето да биде во Англија наместо во Германија. Долдри и Хер ги бирале локациите од романот заедно со авторот Шлинк, гледале документарни филмови од тој период на Германија, читале книги и написи за жените кои служеле како СС чуварки во логорите.

Винслет освоила Оскар за најдобра женска улога за филмот Читачот.[7] Винслет исто така освоила Златен глобус за најдобра актерка за Револуционерен пат и Златен глобус за најдобра споредна актерка за Читачот.

Entertainment Weekly изјавил дека за да ја „остарат“ Хана и за трансформацијата од заводничка до затвореничка за воен криминал, шминкањето на Винслет секој ден одземало од седум до осум часа.[8] Сексуалните сцени во филмот биле снимени дури откако Крос наполнил 18 години[9]

Прикажување[уреди | уреди извор]

На 10 декември 2008, Читачот се прикажал лимитирано во 8 кина и заработил $168,051. Филмската премиера била на 30 јануари 2009 со заработка од $2,380,376 на домашниот бокс офис. Светската премиера била на 27 февруари 2009, кога филмот се прикажал во 1,203 кина, една недела после оскарот на Винслет.

Филмот бил со заработка од $34,194,407 на домашниот бокс офис и $108,901,967 ширум светот.[10]

Награди и номинации[уреди | уреди извор]

66то издание Златен Глобус[уреди | уреди извор]

  • Најдобар драма филм - номиниран
  • Најдобра споредна актерка во драма (Кејт Винслет)– победник
  • Најдобро сценарио (Дејвид Хер) – номиниран
  • Најдобар режисер во драма (Стивен Долдри) - номиниран

81во издание Оскар[уреди | уреди извор]

Најдобар филм - номиниран
Најдобра актерка во главна улога (Кејт Винслет) - победник
Најдобар режисер (Стивен Долдри) - номиниран
Најдобро адаптирано сценарио - номиниран
Најдобра кинематографија - номиниран

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Monica Roman. „Miramax books 'Reader'“, Variety, 22 април 1998 (конс. 28 декември 2007 г).
  2. Michael Fleming. „Kidman, Fiennes book 'Reader' gig“, Variety, 17 август 2007 (конс. 28 декември 2007 г).
  3. Christian Koehl. „Senator inks rights to 'Reader'“, Variety, 14 септември 2007 (конс. 28 декември 2007 г).
  4. Kaminer, Ariel. "Translating Love and the Unspeakable." New York Times. December 5, 2008.
  5. Ed Meza. „Winslet replaces Kidman in 'Reader'“, Variety, 8 јануари 2008 (конс. 10 јануари 2008 г).
  6. Gestern letzter Dreh für 'Der Vorleser'“, (in German). Sächsische Zeitung (конс. 15 јули 2008 г).
  7. Caro, Mark (8 февруари 2009 г). How Kate Winslet outdid herself. „Chicago Tribune. http://articles.chicagotribune.com/2009-02-08/news/0902060349_1_actress-category-oscar-rules-nominated. конс. 6 септември 2012 г. 
  8. Jeff Labrecque, "Best Actress," Entertainment Weekly 1032/1033 (Jan. 30/Feb. 6, 2009): 45.
  9. Clarke, Cath. „First sight: David Kross“, „The Guardian“, 19 декември 2008 (конс. 25 мај 2010 г).
  10. „The Reader (2008)“. Box Office Mojo. 30 декември 2010. http://www.boxofficemojo.com/movies/?id=reader.htm. конс. 30 декември 2010 г.