Бернхард Шлинк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бернхард Шлинк
Bernhard Schlink at Bowdoin College 2018.jpg
Роден/а6 јули 1944 година
Билефелд, Германија
ЗанимањеПисател, Професор, Правник
НационалностГерманец
Значајни делаЧитачот


Бернхард Шлинк (Bernhard Schlink); 6 јули 1944 година, Гросдорнберг кај Билефелд e германски правник и книжевник, авторот на бестселерот Читачот.

Биографија[уреди | уреди извор]

Таткото на авторот, Едмунд Шлинк, бил професор по теологија во Хајделберг, неговата тетка Базилеа Шлинк била основач на евангелистичкиот ред, а дедо му, Вилхелм Шлинк, бил професор по механика. Неговиот брат Вилхелм Шлинк бил професор по историја на уметноста на Универзитет во Фрајбург. Во детството живеел во Хајделберг.

Шлинк студирал на правниот факултет на Универзитетот во Хајделберг и на Слободниот универзитет во Берлин. Работел како асистент на универзитетите во Дармштат, Билефелд и во Фрајбург. Во 1975 година докторорал во Хајделберг (тема на дисертацијата: Abwägung im Verfassungsrecht, објавена 1976 година), титулата професор ја стекнал во 1981 година во Фрајбург (со трудот на тема Die Amtshilfe. Ein Beitrag zu einer Lehre von der Gewaltenteilung in der Verwaltung.

Од 1982 до 1991 година бил професор на јавно право на Универзитетот во Бон, а од 1991 година професор на јавно и социјално право и филозофија на правото на Универзитет во Франкфурт на Мајна. Од 1992 до 2009 држел катедра за јавно право и филозофија на праворо на Хумболтов универзитет во Берлин, каде што го наследил Кристоф Мелер.

Денас живее во Беркшир во (Масачусетс) и Берлин.

Книжевна кариера[уреди | уреди извор]

Во 1987 година Бернхард Шлинк боравел на Универзитетот во Екс ан Прованс каде бил поканет и престојувал три месеци кај пријателот Валтер Поп. Двајцата биле страсни читатели на крими романи и решиле самите да напишат книга. Нивниот роман Правдата на Зелб е за настаните сврзани за шеесетосмогодишниот приватен детектив Герхард Зелб. По успех на ова дело следеле: криминалистичкиот роман Гордиев јазол[1], кој во 1989 година бил награден со наградата Фридрих Глаузер, Измамата на Зелб (награда Deutscher Krimi Preis) и Смртта на Зелб.

Романот Читачот[2] станал исклучително популарен, бил прогласуван за книга на година, преведен е на повеќе од 40 светски јазици. Овој роман бил наградуван со повеќе меѓународни награди, а во 2008 година во режија на Стивен Долдри бил екранизиран. Неговата збирка раскази Бекства од љубови[3] исто така станала бестселер, а според расказот Другиот Ричард Ајр направил филм со актерите Лијам Нисон, Антонио Бандерас и Лора Лини.

Дела[уреди | уреди извор]

Стручна правна литература

  • Основна на правото. Државно право II со Бод Пирот, 27

Müller, Хајделберг

  • Полициско право и право на чување на поредок со право за собирање со Михаел Книзел и Бод Пирот

Белетристика

  • 1987 Правдата на Зелб
  • 1988 Гордиев јазол
  • 1992 Измамата на Зелб
  • 1995 Читачот
  • 2000 Бекствата од љуови
  • 2001 Смртта на Зелб
  • 2006 Враќањето дома
  • 2008 Викенд
  • 2010 Летни лаги
  • 2011 Мисли за пишувањето. Хајделбершки предавања за поетиката.

Есеи

  • 2000 Татковината како утопија
  • 2005 Огледи – за политиката, правото, пишување и веровање
  • 2007 Вината од минатото, Прилози за една германска тема

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Гордиевата врвка, Или-Или, , скопје, 2012, ISBN 978-608-4525-54-7
  2. Читачот, Бернхард Шлинк,Или-Или, Скопје, 2014 ISBN 978-608-4525-89-9
  3. Бегства од љубови, Бернхард Шлинк, Или -Или Скопје, 2006 ISBN 9989-235-58-9