Револуционерен пат (филм)
„Револуционерен пат (Revolutionary Road)“ | |
---|---|
Официјален постер | |
Режисер | Сем Мендес |
Продуцент | Боби Коен Сем Мендес Скот Рудин |
Сценарист | Џастин Хејт Заснован спрема романот на Ричард Џејтс |
Главни улоги | Кејт Винслет Леонардо ДиКаприо Кети Бејтс Кетрин Хан |
Жанр | драма |
Музика | Томас Њуман |
Дистрибутер | Paramount Vantage |
Премиера | 26 декември 2008 |
Времетраење | 119 мин. |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Револуционерен пат (англиски: Revolutionary Road) е американски филм на Сем Мендес од 2008 година. Филмот е адаптација на истоимениот роман на Ричард Џејтс од 1961 година.
Синопсис
[уреди | уреди извор]Ејприл и Френк Вилер се млада, брачна двојка која со своите деца живее во периферијата на Конектикет, во средината на 50-тите години. Нивната самоувереност и лажно задоволство од личниот живот е само обична маска зад која се кријат многу поголеми фрустрации, поради неможноста да се чувствуваат исполнето од врската и кариерата. Френк е заглавен и незадоволен од својата канцелариска работа, а Ејрпил е домаќинка, која сè уште не може да ја прежали пропаднатата глумечка кариера. Решени да сменат нешто во своите животи и да им докажат на сите дека се поинакви, посупериорни од тие што живеат во нивна близина, планираат преселба во Франција, за каде што се надеваат дека ќе ги исполнат своите соништа. Но, не се свесни дека сепак многу ризикуваат...
Критики
[уреди | уреди извор]Брилијантно одглумен и емотивно многу силен. Овој филм е привлечна адаптација на популарниот роман на Ричард Џејтс. Така гласи консензус критиката на мрежното место Ротен Томатоес, но мораме сите да признаеме дека очекувавме многу повеќе од оцена од 68%. За тоа, излега, главен виновник е Сем Мендес бидејќи вака пишуваа медиумите – ‘Филмот е едноставно предолг, пренапорен и премногу мелодраматичен.’ (Arizona Republic), ‘Сјајна глума, но досадна режија.’ (Boston Globe). Но негативните критики сепак се во помал број, а кога станува збор за позитивните, повеќето од нив тврдат дека се работи за ремек-дело.
Глумечка екипа
[уреди | уреди извор]Глумци | Ликови |
---|---|
Кејт Винслет | Ејприл Вилер |
Леонардо ДиКаприо | Франк Вилер |
Кети Бејтс | Хелен Гинингс |
Кетрин Хан | Мили Кембел |
Дејвид Харбор | Шеп Кембел |
Мајкл Шенон | Џон Гивингс |
Награди и номинации
[уреди | уреди извор]66то изданиеЗлатен Глобус
[уреди | уреди извор]Најдобар драма филм - номиниран
Најдобра главна глумица во драма (Кејт Винслет)– победник
Најдобар главен глумец во драма (Леонардо ДиКаприо) – номиниран
Најдобар режисер во драма (Сем Мендес) - номиниран
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место Архивирано на 18 август 2009 г.
- Семрежна филмска база на податоци
- Бокс Офис Мојо