Црква „Св. Никола Сфранцев“
Свети Никола Сфранцев | |
---|---|
Αγίου Νικολάου του Φραντζή | |
Дел од црквата во 1901 г. | |
40°31′22.1″N 22°12′15.0″E / 40.522806° СГШ; 22.204167° ИГД | |
Место | Бер |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Завршена | XIV век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Бер |
Епархија | Берско-негушко-камбаниска |
Свети Никола Сфранцев (грчки: Αγίου Νικολάου του Φραντζή) — поранешна доцносредновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија, срушена на почетокот на XX век. На нејзино место е изградена зградата на Општина Бер, а таму кајшто бил олтарот е направен мал параклис со истото име.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓала во центарот на Бер, малку над другата „Воскресение Христово“.[1] Новото параклисче на нејзино место е во северозападниот агол на општинската зграда.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата првично била манастирска,[1] изградена во средината на XIV век[2] од дедото по мајчина линија на последниот византиски историчар Георги Сфранцес.[1] Како што напишал самиот Сфранцес, при падот на Морејското Деспотство во 1460 г., пред да замине за Крф тој се мислел дали да не замине за Крит или за Бер, каде „наследил убав манастир со името Свети Никола“.[1][3]
Во 1855 година Алфред Делакулонш ја затекол црквата веќе како парохиска. Големиот пожар во Бер во 1862 г. му нанел тешки штети на храмот, но тој бил обновен,[1][4] според сведоштвото на Георгиос Ламбакис од 1901 г., кој ги опишал личните усилби да го спаси храмот од целосна пропаст. Фотографијата на Ламбакис ја покажува црквата како еднокорабен храм со дрвен покрив и голяма тројна олтарна апсида на исток и изобилни керамопластични украси.[5] Полуразрушениот храм го опишал и Габриел Миле во делото „Грчката школа на византиската архитектура“ (L'École grecque dans l'architecture byzantine).[5][6] Во 1908 г. Адолф Штрук го ја затекол црквата оштетна. во уставот на Берската грчка општина од 1912 г. се вели дека храмот е во урнатини како последица од пожар. Урнатините се расчистени и на нивно место е изградена Берската гимназија, подоцна претворена во општинска зграда.[5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Ανδρούδης, Πασχάλης (2007). „Παρατηρήσεις στον κατεστραμμένο βυζαντινό ναό του Αγίου Νικολάου του Φραντζή στη Βέροια“. Βυζαντινά (26): 273.
- ↑ Ανδρούδης, Πασχάλης (2007). „Παρατηρήσεις στον κατεστραμμένο βυζαντινό ναό του Αγίου Νικολάου του Φραντζή στη Βέροια“. Βυζαντινά (26): 277.
- ↑ Φραντζής, Γεώργιος. Χρονικόν, IV (PDF). стр. 984.
τῆ β’ τοῦ Αύγούστου άπεσὢθημεν εἱς Κἑρκυραν, ἒχοντες τὁν σκοπὂν ἒνα ἁπελὢθμεν εἱς τὴν Κρήτην ῆ εἱς τὴν περὶ τὴν Θεσσαλονίκην Βέρροιαν, διὰ τὸ εἲναι κὰκεῖσε καλλίστην μονἡν εἱς δνομα τοῦ ἁγίου Νικολάου. ῆνπερ ὀ τῆς μητρός μου πατἡρ ἁνἡγειρεν ἒκ βάθρων
- ↑ Delacoulonche, M (1858). Mémoire adressé à S. Exc. le Ministre de l'Instruction publique, sur le berceau de la puissance Macédonienne, des bords de l'Haliacmon à ceux de l'Axius. Paris: P. Dupont. стр. 275.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Ανδρούδης, Πασχάλης (2007). „Παρατηρήσεις στον κατεστραμμένο βυζαντινό ναό του Αγίου Νικολάου του Φραντζή στη Βέροια“. Βυζαντινά (26): 274.
- ↑ Millet, Gabriel (1916). L'École grecque dans l'architecture byzantine. Paris: Ernest Leroux. стр. 263–264.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Никола Сфранцев“ на Ризницата ?