Црква „Воскресение Христово“ - Бер

Координати: 40°31′22.79″N 22°12′18.69″E / 40.5229972° СГШ; 22.2051917° ИГД / 40.5229972; 22.2051917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Воскресение Христово
Ανάστασης του Σωτήρος Χριστού
Поглед на црквата
Карта
40°31′22.79″N 22°12′18.69″E / 40.5229972° СГШ; 22.2051917° ИГД / 40.5229972; 22.2051917
МестоБер
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Завршена1314
Управа
Архијерејско намесништвоБер
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Воскресение Хрисово или Христос Спасител (грчки: Ανάστασης του Σωτήρος Χριστού του Καλοθέτου) — средновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3] Храмот е дел од парохијата на „Св. Јован Милостив“.[4]

Првичниот храм бил еднокорабна црква со дрвен покрив и шешстаголна апсида. Во XVIII век од север, запад и југ е изграден затворен трем, урнат во XX век.[1][3]

Според ктиторскиот натпис, храмот почнал да го гради Ксенос Псалидас на крајот од ΧΙΙΙ век, и по неговата смрт е довршен од сопругата Ефросина на почетокот на XIV век.[1][3] Во 1314 г. сопственоста на манастирот „Христос Спасител“ од монахаот Игнатиј Калотет е потврдено со хрисовул од царот Андроник II Палеолог.[1] Во 1315 г. храмот е осветен од епископот Нифонт Берски.[3]

Црквата е зографисана во 1314/5 г. од Георгиос Калиергис. Внатрешноста е поделена на три подрачја. Во најниското се светци во полн раст, во средното и потесно подрачје има бисти на евангелистите, пророци и светци, додека пак во најгорното подрачје има сцени од Дванаесетте празници. Посебно место во иконографијата на храмот зазема претставата на Распетието и Воскресението на Христос, претставено на два лака, обликувани во северниот и јужниот ѕид. Интересна е и фреската на која е претставен монахот Игнатиј Калотетос.[1]

Храмот има фрески и од 1326 и 1355 г. со претстави на месни првенци како Марија Синадини на западната фасада, како и од 1727 г. над надворешната површина на северниот ѕид од првичната црква. На натписите врз тие фрески спомнуваат имиња на жители на градот.[1]

Во 1924 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Πέτκος, Αντώνης. „Ναός Ανάστασης του Σωτήρος Χριστού Βέροιας“. Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Архивирано од изворникот на 2022-07-02. Посетено на 18 мај 2014.
  2. „Ναός Ανάστασης του Σωτήρος Χριστού“. Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Архивирано од изворникот на 2022-07-07. Посетено на 20 мај 2014.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Χριστός – Μονή του Σωτήρος Χριστού του Καλοθέτου“. Discover Veria. Посетено на 31 јули 2016.
  4. „Ενορίες“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Посетено на 2016-07-31.
  5. „ΠΔ 3-11-1924 - ΦΕΚ 279/Α/6-11-1924“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 9 јули 2018.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]