Црква „Св. Никола“ - Маруша

Координати: 40°33′22.9″N 22°3′45.9″E / 40.556361° СГШ; 22.062750° ИГД / 40.556361; 22.062750
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола
Αγίου Νικολάου
Карта
40°33′22.9″N 22°3′45.9″E / 40.556361° СГШ; 22.062750° ИГД / 40.556361; 22.062750
МестоМаруша, Берско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типеднокорабна базилика
ЗавршенаXVIII век
Управа
Архијерејско намесништвоБерско
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Свети Никола (грчки: Αγίου Νικολάου) — црква во некогашното село Маруша, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата е изградена на почетокот на XVIII век, веројатно врз постар храм. Ова е единствената преостаната градба од селото по неговото уништување во Негушкото востание од 1822 г.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата е еднокорабна базилика со дрвен покрив и испакната правоаголна апсида на исток, во која има слепа ништа со улога на чесна трпеза. На источниот ѕид има друга слепа ниша, тука во улога на жртвеник. Нартексот служел и како женска црква и има речиси исти димензии како наосот, поврзан со него преку мал влез. Црквата има и егзонартекс, кој се протега по поголемиот дел од јужниот ѕид.[1]

Црквата има два влеза, обата од јужниот ѕид. Едниот води во наосот, а другиот во припратата. Висината на влезовите не надминува 1,5 м, што е типично за тоа време, кога вратите се правеле намерно доста ниски за да не може во храмот да се влегува на коњ и така да се осквернува. Осветленоста е исклучително лоша бидејќи има само еден прозорец на јужниот ѕид; останатаата светлина е од свеќи и полилеи. Подот на црквата покриен со керамички плочки од почетокот на XVIII век, некои до нив со врежани украси. Слична керамика, веројатно од истата работилница, има на подот од жртвеникот во „Св. Атанасиј“ во соседното Чорново, парохиски храм на Маруша.[1]

Бидејќи храмот е изграден на планинска падина, западниот и половина од јужниот ѕид однадвор се повисоки од остатоктот од градбата. Во егзонартексот има скалиште което се протега од височината на влезот на припратата на југозапад до западната стена на храмот. Непосредно од западниот ѕид има мала камбанарија. На исток од црквата е новата камбанарија, како и двокатна градба од 1960-тите предвидена за гости. На север од црквата биле селските гробишта — таму се откриени три надгробни крста, вградени однадвор во источниот ѕид на храмот. Бидејќи најверојатно бла единствена во селото, црквата служела како главна и гробишна.[1]

Храмот на многу наврати бил оштетуван и пљачкосуван од крадци. Старите икони на иконостасот се украдени во 1992 г. Голем дел од фреските во наосот се варосани во XX век од селани од околните села поради незнаење.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Μαρούσια: Τόπος κατάνυξης και αναψυχής“. InVeria.gr. 23 октомври 2010. Посетено на 25 септември 2020.