Црква „Св. Недела“ - Стојаково
Света Недела | |
Поглед кон црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Повардарска |
| Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
| Парохија | Стојаковска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°09′27.5″N 22°34′35.7″E / 41.157639°N 22.576583°E |
| Место | Стојаково |
| Општина | Богданци |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Света Недела |
| Изградба | околу 1860 |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | трикорабна |
Света Недела — главна селска црква во богданското село Стојаково, а воедно и парохиска црква на Стојаковската парохија.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата е сместена во средишниот дел на селото Стојаково.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата е изградена е околу 1860 година, но за време на Првата светска војна била разурната, со исклучок на олтарната апсида. Познато е дека пред разурнувањето, црквата била живописана, што може да се забележи од остатокот на фреска во внатрешноста на олтарната апсида, каде што е насликана Богородица со Христос. Храмот бил обновен и го добил денешниот облик во периодот од 1920 до 1924 година.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата е трикорабна, со рамни дрвени тавани, при што средишниот кораб ги надвишува двата странични. Покривната конструкција е изградена на две води и е потпрена на осум столбови во два реда. Влезната врата од црквата е сместена на јужната страна и над неа има мозаик со ликот на Света Недела. Во наосот на средишниот кораб е насликана фреска со претстава на Исус Христос Седржител. Градбата на источната страна завршува со полукружна олтарна апсида, а кон западната и јужната страна е доградена припрата со крстилница и балкон.[2]
Во дворот на црквата се сместени селските гробишта и две камбанарии. Првата камбанаријата е сместена непосредно од левата страна по влезната порта од дворот на црквата. Таа има квадратна основа и на секоја од четирите страни има по три вертикално поставени монофори. Втората камбанарија се издига над кровот со кој е покриена припратата во западниот дел од црквата. Таа исто така има квадратна основа и на секоја од четирите страни има по неколку вертикално поставени монофори.
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Ѕидовите во наосот не се живописани, но во олтарната апсида, која останала неразурната за време на Првата светска војна, се забележува остаток од стар фрескоживопис, но фреската е оштетена.[2]
Икони и иконостас
[уреди | уреди извор]Иконостасот во внатрешноста на црквата е изработен во 1934 година од зограф од мијачка дружина со потекло од Галичник. Меѓу иконите во црквата има и такви кои се од XVIII и XIX век.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Црквата со селските гробишта
- Камбанаријата над припратата
- Поглед на камбанаријата над припратата од јужната страна
- Влезната порта од дворот на црквата со камбанаријата зад неа
- Камбанаријата во дворот на црквата
- Влезната врата од црквата
- Мозаик над влезната врата
- Селските гробишта
- Натписна плоча на влезот
- Камбанаријата кај влезот
- Камбанаријата кај припратата
- Селските гробишта
- Селските гробишта
- Крст во дворот
- Фреска над влезот
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 4 „Цркви во Стојачката парохија“. Повардарска епархија.
| |||||||||||||


