Црква „Св. Илија“ - Таор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Илија
Sv.Ilija-Taor.jpg

Црквата „Свети Илија“ во селото Таор

Македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Скопско
Местоположба
Населено место Таор
Општина Зелениково
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Изградба во тек
Ктитор Борче Гиевски
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Црквата Свети Илија е македонски православен христијански црковен храм во скопското село Таор. Храмот се наоѓа на крајниот северен дел на селото на височинка која доминира над Скопското поле и крај патот кој води кон археолошкиот локалитет Тауресиум. Изградбата на црквата е во завршна фаза, а стилот е средновековно-византиски, сличен на многуте средновековни цркви во Македонија (налик на Св. Јован Богослов - Канео во Охрид). Црквата ја гради позната тајфа неимари од Пустец, Албанија според проект идентичен со црквата „Свети Петар и Павле“ во ресенско Подмочани. Ктитор на верскиот храм е Борче Гиевски, градоначалникот на општина Зелениково во периодот од 2004 до 2009 година како и повеќе други донатори.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Арсоска, Елизабета. „Таор ќе добие свој Плаошник“, Вечер, 28 јули 2008 (посет. 26 март 2011 г). (на македонски)