Црква „Св. Петар и Павле“ - Подмочани
Свети Петар и Павле | |
Црквата заедно со нејзината камбанарија и Преспанскиот крст | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Ресенско |
| Парохија | Подмочанско-љубојнска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°01′47″N 21°03′17″E / 41.02972°N 21.05472°E |
| Место | Подмочани |
| Општина | Ресен |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Петар и Павле |
| Архитектонски опис | |
Свети Петар и Павле — нова селска црква во селото Подмочани, Општина Ресен, Македонија.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата е изградена на ридот Подмочанска Горица, од каде се пружа одличен поглед на целото Преспанско Езеро.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била подигната со пари од македонски иселеници од Австралија, Америка и од Канада. Најголемиот дел од средствата биле донирани од страна на стопанственикот од Чикаго, Борис Ничев, кој е по потекло од Подмочани.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Целокупната инвестиција на црквата, камбанаријата и самиот Преспански крст изнесувала над двесте илјади евра.[2]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Црквата е целосно фрескоживописана. Живописот бил изведен од страна на Васил Трајковски од Скопје.[2]
Иконостас
[уреди | уреди извор]Иконостасот во црквата бил изработен од страна на копаничарот Цветан Николовски, а иконите во него се дело на иконописецот Петар Герасимов.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Задниот дел на црквата
- Поглед на црквата
- Плоча во црковниот двор
- Поглед на црквата
- Страничен поглед на црквата
- Фреска на светителите
- Камбанаријата на црквата
- Поглед на црквата
- Поглед на црквата
- Иконостасот на црквата
- Фрескоживописаната купола
- Фрескоживопис
- Владичин стол
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 4 5 „Низ Преспа појди, ама Подмочани дојди“. Посетено на 2019-02-15.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Петар и Павле“ - Подмочани на Ризницата ?


