Црква „Св. Илија“ - Битуше

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Илија
Црква „Св. Илија“ - Битуше.jpg

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Дебарско
Парохија Дебарско-реканска
Местоположба
Координати 41°37′04″N 20°35′27.1″E / 41.61778° СГШ; 20.590861° ИГД / 41.61778; 20.590861Координати: 41°37′04″N 20°35′27.1″E / 41.61778° СГШ; 20.590861° ИГД / 41.61778; 20.590861
Населено место Битуше
Општина Маврово и Ростуша
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Осветување неосветена
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Свети Илија — манастирска црква во долнореканското село Битуше.[1] Црквата се наоѓа во крајниот североисточен дел од селото, на неколку стотина метри од соседното село Велебрдо.

Контроверзија[уреди | уреди извор]

При изградбата на црквата, пред олтарот било изѕидано култното место каде што во минатото верниците му палеле свеќи на Свети Илија. Надлежниот митрополит г. Тимотеј одбил истата да ја освети сè додека изѕиданото место не биде срушено, што наишло на незадоволство кај месното население, така што црквата останала неосветена.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола. Секоја страна од куполата содржи монофора, а на повеќе места од ѕидовите на црквата има слепи ниши, вклучувајќи ја и полукружната апсида на источниот ѕид. Над влезната врата има трифорен облик, при што поголемиот среден дел всушност претставува монофора. Црквата во целост е изградена од камен и е покриена со лимен кров.

Во дворот на црквата има споменик на пет загинати борци во Народноослободителната борба.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред. Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 36. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. "Св. Илија" во Битуше Е, ама и НЕ Е црква“. Вечер. 26 ноември 2004.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]