Црква „Св. Димитриј“ - Зрново
| Свети Димитриј | |
|---|---|
| Αγίου Δημητρίου | |
Црквата од запад | |
![]() | |
| 41°20′36″N 23°52′11″E / 41.34333°N 23.86972°E | |
| Место | Зрново, Драмско |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Архит. тип | трикорабна базилика |
| Завршена | 1866 |
| Управа | |
| Архијерејско намесништво | Зрновско |
| Епархија | Зихненско-неврокопска |
Свети Димитриј (грчки: Ιερός Μητροπολιτικός Ναός Αγίου Δημητρίου Νευροκοπίου) — црква во гратчето Зрново, Драмско, Егејска Македонија. Претставува митрополски храм на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3]
Црквата е изградена во 1866 г. според натписот на јужниот ѕид. За годината сведочи соопштение од митрополитот Никодим Неврокопски од 1902 г.[3] Не се споменува кога храмот е живописан. Градбата претставува трикорабна базилика со трансепт и купола, оградена од југ, запад и север со затворен трем и тројна апсида на исток.[2][3] Црквата има големина од 30 × 21 м.[3] Има монументална камбанарија на три ката, изградена во средиштето на западната страна.[2][3] Горниот кат е женска црква, со пристап од внатре. Женската црква на југ и на север завршува со параклиси посветени на Св. Константин и Елена и Успението Богородично.[3][3] Голем дел од фреските во црквата се уништени и премачкани. Резбаниот иконостас, иконите, владичкиот прстол и два резбани проскинитара се од XIX век. Иконите се од 1874 г.; некои од нив се од мајсторот Ѓорѓи од Неврокоп.[1][3] Во северниот дел на комплексот е зачувано старото училиште кое, според натписот е изградено во 1863 г.[3] Во припратата стои живописната сцена „Страшниот суд“, насликана во 1871 г. од галичкиот мајстор Јаков Мауровски.[4]
- Фрески о црквата со премачкани македонски натписи
- Црквата од север
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Ιερός Μητροπολιτικός Ναός Αγ. Γεωργίου Ζιχνών“. Corect. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 16 октомври 2014.
- 1 2 3 „Βυζαντινά Μνημεία“. Δήμος Νευροκοπίου. Посетено на 14 ноември 2014.
- 1 2 3 4 5 6 7 8 9 „Ιστορία Πλεύνας-Πετρούσας. Η Παλαιά Εκκλησία Πλεύνας και άλλες 32 Μεταβυζαντινές Εκκλησίες στο Νομό Δράμας“. Τα Νέα της Πετρούσας. Посетено на 16 ноември 2014.
- ↑ Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 226.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Димитриј“ - Зрново на Ризницата ?
