Црква „Св. Богородица“ - Слоештица
Света Богородица
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Крушевско-демирхисарска |
Парохија | Сопотничка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°15′58.4″N 21°4′31.1″E / 41.266222° СГШ; 21.075306° ИГД |
Место | Слоештица |
Општина | Демир Хисар |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Завршено | 1908 |
Живопис | 1924 - 1925 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна базилика |
Стил | преродбенички |
Св. Богородица (или Пресв. Богородица) — црква кај демирхисарското село Слоештица, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е сместена на источниот крај на селото. Претставува голема засвнодена еднокорабна базилика. Според натписот на јужниот ѕид, изградена е во 1908 година од мајсторот Марко Трајанов од Мало Илино. Ѕидана е од кршен камен; венецот и апасидата се од делкан бигор, а прозорците од делкан мермер. Фасадите се фугирани, покривот е од ќерамиди, а оној на апсидатафасен е лимен. Подоцна на запад е прилепена квадратна камбанарија на три ката, исто така со лимен кров.[1]
Резбите во храмот се дело на Ѓорѓи Чуранов[2] и Дуко Дељов, кој користи многу зооморфни елементи — кон растителните додава фигури на лавови, волци, орли, бувови и змии.[3]
Според натписот над влезот на западната страна, црквата е живописана во 1924 – 1925 година од лазарополскиот зограф Константин Колоски и неговие синови Јаким и Теодосиј.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 76. ISBN 978-608-65616-4-2.
- ↑ Василиев, Асен (1965). „Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители“. София: Наука и изкуство: 298. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуство. стр. 297.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Богородица“ - Слоештица на Ризницата ?