Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Дабниште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Успение на Пресвета Богородица
Црква „Св. Богородица“ - Дабниште.jpg

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Маренска
Местоположба
Координати 41°22′40.8″N 22°00′50.9″E / 41.378000° СГШ; 22.014139° ИГД / 41.378000; 22.014139Координати: 41°22′40.8″N 22°00′50.9″E / 41.378000° СГШ; 22.014139° ИГД / 41.378000; 22.014139
Населено место Дабниште
Општина Кавадарци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица
Изградба XIII век
Архитектонски опис
Архитектонски тип еднокорабна
Портал „МПЦ“

Успение на Пресвета Богородица — главна селска црква во кавадаречкото село Дабниште.[1][2]

Таа се наоѓа во самото село, сместена во Средното Маало. Денес, црквата се наоѓа во многу лоша состојба.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Подигната и живописана е во XIII век година. Имала облик на еднокорабна градба. Од првобитната црква сочувани се остатоци од керамопластичните украси на источната и на јужната фасада.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Црквата има облик на еднокорабна градба.[4]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Целата црква е живописана. Од стариот живопис сочувани се неколку фрагменти. Дел од фрескоживописот е насликан и во XIX век.[2][4]

Од стариот живопис има сочувани фрагментарни остатоци со претставата на Мелисмос над цоклата. Лево и десно има по еден ангел облечени во бели драперии и полунаведнати кон Христа. Во втората зона е насликана Богородица, која со двете раце го гушка Христа, а покрај неа се претставени „Св. Кузман и Дамјан“ од зограф кој ги насликал во XIX век. Северно од влезот во црквата е вградена античка плоча со претстава во релјеф на три човечки фигури.[4]

На иконостасот има царски двери изработени во резба од непознат копаничар.[4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. 2,0 2,1 2,2 „Цркви во Маренската парохија“ (македонски). Повардарска епархија. конс. 13 февруари 2018. 
  3. Илијевски, Климентина (6 април 2011). „Разубавувањето на Скопје ги голта парите за заштита на културното наследство“. BalkanInsight. конс. 13 февруари 2018. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Културно и национално наследство на Кавадарци“. Институт за информатика. конс. 13 февруари 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]