Црква „Св. Атанасиј“ - Рилево
Свети Атанасиј | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Прилепско |
| Парохија | Долненско-секиречка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°29′14.8″N 21°21′39.1″E / 41.487444°N 21.360861°E |
| Место | Рилево |
| Општина | Долнени |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Атанасиј Александриски |
| Завршено | 1626/1627 |
| Архитектонски опис | |
Свети Атанасиj – главна и единствена црква во селото Рилево.[1] Сместена е во крајниот северозападен дел од селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Според ктиторскиот натпис во прозорецот на јужната певница, црквата била изградена од мајсторот Иван од Кичево. Фрескописана била во 1626/1627 година од зографот Јон од грамоското влашко село Линотопи.[2][3][4]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Влезот е сместен на источната страна. На јужниот ѕид има ниша со фреска, а фрескописан и источниот ѕид во делот над апсидата. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата е фрескоживописана. Фреските се со понизок квалитет. Фигурите се со рамни тела, без снага и без хармонични пропорции.[5][6]
Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата се неоѓа непосредно од левата страна од влезот на црквата. Таа има шестаголна основа и на секоја страна во горниот дел има по една монофора. Влезот на камбанаријата се наоѓа на источната страна и пред него има натстрешница покриена со ќерамиди, додека над натстрешницата има квадратно окно.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Влезната порта од дворот на црквата
- Дворот на црквата
- Камбанаријата (лево), црквата (насреде) и помошниот објект (десно)
- Влзот на црквата
- Ниша на јужниот ѕид
- Апсидата
- Ктиторскиот натпис
- Камбанаријата
- Помошниот објект
- Селските гробишта
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 583. ISBN 978-608-203-023-4.
- ↑ „Το Λινοτόπι και οι ζωγράφοι του“. Βλάχοι.net. Архивирано од изворникот на 2016-04-08. Посетено на 2019-03-14.
- ↑ Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 277.
- ↑ „Историја на уметност“. Општина Прилеп. 7 април 2014. Архивирано од изворникот на 2017-12-09. Посетено на 2019-03-14.
- ↑ Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери од ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагониjа и Преспа, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопје. стр. 165.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Атанасиј“ - Рилево на Ризницата ?


