Црква „Св. Атанасиј“ - Ничпур
Свети Атанасиј
| |
![]() Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Тетовско-гостиварска |
Архијерејско намесништво | Гостиварско |
Парохија | Мавровска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°44′34″N 20°40′27.8″E / 41.74278° СГШ; 20.674389° ИГДКоординати: 41°44′34″N 20°40′27.8″E / 41.74278° СГШ; 20.674389° ИГД |
Место | Ничпур |
Општина | Маврово и Ростуше |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Атанасиј |
Изградба | 1995 |
Завршено | 1996 (обовена) |
Осветување | 15 мај 1997 |
Архитектонски опис |
Свети Атанасиј — главна селска црква во горнореканското село Ничпур.[1] Црквата се наоѓа на неколку стотина метри југоисточно од селото.
Историја[уреди | уреди извор]
Според мермерните плочи поставени околу влезната врата, црквата била обновена во периодот 1995-1996, а истата била осветена на 15 мај 1997 година.
Во 2014 година, црквата била ограбена и од неа биле одземени пет икони.[2]
Архитектура[уреди | уреди извор]
Градбата на црквата има четириаголна основа со полукружна апсида во задниот дел. Главната влезна врата е сместена од западната страна, а над неа има ниша со малтерисан крст и натпис во него. На јужната страна има споредна врата, над која има ниша со ликот на Свети Атанасиј, а околу неа има две мермерни плочи со податоци за годините на обнова и осветување на црквата. Објектот е изграден од камен и е покриен со лимен кров.
Во дворот на црквата се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата има примитивен изглед и се состои од четири железни столбови кои образуваат квадратна основа и се покриени со лимен кров.
Галерија[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 54. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Ф., М. и Д., С.. „Украдени икони од црквата „Св. Атанасиј“ во Ничпур“. Макфакс. 3 март 2014
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Атанасиј“ - Ничпур на Ризницата ?