Прејди на содржината

Црква „Св. Атанасиј“ - Јанчишта

Координати: 40°37′29.3″N 22°13′19.7″E / 40.624806° СГШ; 22.222139° ИГД / 40.624806; 22.222139
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Атанасиј
Αγίου Αθανασίου
Карта
40°37′29.3″N 22°13′19.7″E / 40.624806° СГШ; 22.222139° ИГД / 40.624806; 22.222139
МестоКавасила, Берско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
ЗавршенаXIX век
Управа
Архијерејско намесништвоДобренско
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Свети Атанасиј (грчки: Αγίου Αθανασίου) — црква кај селото Јанчишта, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Црквата се наоѓа на 3 км источно од Јанчишта, на источниот брег на реката Мегленица. Била гробишен храм сè до средината на XX век. Градбата претставува еднокорабна црква без нартекс, со полукружна апсида и трем на јужната страна и дрвен покрив со аблација на тесните страни. Влезот е од југ.[1]

Фреските во внатрешноста се изработени во две фази. Постари се оние на светците во долното подрачје на жртвеникот и се од XVIII век. Подоцнежни се евангелските сцени, литургиските во жртвеникот и Второто пришествие на јужниот ѕид, насликани врз стариот живопис. Вторите се од 1860 – 1880 г. и по стилот му се припишуваат на зографот Божин Стаменитов (Емануил Стаматиадис) од Пазар, кој меѓу 1864 и 1870 г. работел на „Св. Ѓорѓи“ во Сарбегово, во 1877 г. на „Св. Никола“ во Корнишор, а во 1878 г. на „Св. Спас“ во Тодорци.[1]

Иконостасот е од првата фаза на храмот, насликан во три бои и плитко изрезбан со богати растителни и животински украси. Зачувани се три царски икони од XVIII – XIX век.

Црквата е прогласена за историски споменик на 10 јули 1995 г.[1][2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „11η Εφορεία Βυζαντινών Αρχαιοτήτων“ (PDF). Αρχαιολογικόν Δελτίον. Αθήνα: Υπουργείο Πολιτισμού. Τόμος 49 (1994), Χρονικά Β'2: 572. 1999. ISSN 0570-622Χ. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-10.
  2. 2,0 2,1 „архивски примерок“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 13 октомври 2014. Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help)