Црква „Св. Архангел Михаил“ - Долно Српци
Изглед
Свети Архангел Михаил | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Беранечка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°10′35.7″N 21°22′01.5″E / 41.176583°N 21.367083°E |
| Место | Долно Српци |
| Општина | Могила |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Архангел Михаил |
| Архитектонски опис | |
Свети Архангел Михаил — црква во селото Долно Српци.[1] Црквата се наоѓа во крајниот источен дел од селото, на височина која ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била ограбена ноќта меѓу 31 август и 1 септември 2019 година, кога од неа биле одземени пари и вредни предмети.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има фреска во лоша состојба на која е прикажан Архангел Михаил. На јужната страна има спореден влез, како и еден прозорец. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Во дворот на црквата се сместени селските гробишта и помошен објект.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Главниот влез
- Споредниот влез
- Апсидата
- Јужната и источната страна
- Помошниот објект
- Селските гробишта
- Царските двери
- Архангел Михаил на царските двери
- Детали од царските двери
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 11. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Ограбена црквата Св. „Арангел“ во Долно Српци, Битолско Архивирано на 18 октомври 2019 г.“. Фокус. 3 септември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Архангел Михаил“ - Долно Српци на Ризницата ?


