Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Црничани
Рождество на Пресвета Богородица | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Добрушевско-дедебалска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°07′19.8″N 21°32′23.3″E / 41.122167°N 21.539806°E |
| Место | Црничани |
| Општина | Могила |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Богородица Марија |
| Архитектонски опис | |
Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во селото Црничани.[1] Црквата е сместена во крајниот јужен дел од селото, на возвишение кое ѝ дава доминантна местоположба во однос на остатокот од селото.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот е сместен на западната страна и над него има ниша со фреска на која се прикажани Богородица Марија и Исус Христос. Објектот е изграден е од камен и е покриен со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата е со квадратна основа и се издига во продолжение на помошниот објект. Нејзиниот влез се наоѓа на јужната страна, а на секоја страна во горниот дел има по една монофора. Камбанаријата и помошниот објект, слично како и црквата, се изградени од камен.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Западната страна на црквата
- Апсидата на црквата
- Камбанаријата
- Помошниот објект
- Помошниот објект со камбанаријата во позадина
- Селските гробишта
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Црничани на Ризницата ?


