Црква „Вознесение Христово“ - Добрушево

Координати: 41°10′11.8″N 21°29′00.4″E / 41.169944° СГШ; 21.483444° ИГД / 41.169944; 21.483444
Од Википедија — слободната енциклопедија
Вознесение Христово

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Добрушевско-дедебалска
Местоположба

Карта

Координати 41°10′11.8″N 21°29′00.4″E / 41.169944° СГШ; 21.483444° ИГД / 41.169944; 21.483444
Место Добрушево
Општина Могила
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Исус Христос
Завршено 1860
Архитектонски опис

Вознесение Христово или Свети Спас — главна селска црква во селото Добрушево.[1] Црквата е сместена во северниот дел од селото.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена во 1860 година. Во текот на Првата светска војна била до темел срушена, по што одново била изградена на старите темели во 1924 година. Повторно била обновена во 1960-тите, а потоа и во 1990-тите со добротворни прилози на иселеници од селото.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна и осумаголна купола. Влезот е сместен на западната страна, а црквата има спореден влез на јужната страна. Куполата е изградена од лим и на секоја страна има по една монофора.

Дворот на црквата е ограден со ограда од камени блокови и во него се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата се состои од три дела, од кои долните два имаат квадратна основа, додека најгорниот е со осумаголна основа и на секоја од осумте страни има по една монофора.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Добрушево Архивирано на 30 јуни 2020 г.“. Мој Роден Крај.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]