Црква „Вознесение Христово“ - Владимирово
Вознесение Христово | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Струмичка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°42′40.2″N 22°47′36.6″E / 41.711167°N 22.793500°E |
| Место | Владимирово |
| Општина | Берово |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Исус Христос |
| Изградба | 1840 |
| Завршено | 1846 |
| Осветување | 1842 |
| Изгорена | 1 ноември 2014 |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | трикорабна |
Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — главна селска црква во малешевското село Владимирово, Општина Берово.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Градбата била започната во 1840 година, била осветена во 1842 година, а завршена во 1846. Во минатото, црквата служела и како училиште и полициска станица. Во црквата е откриен „Летопис на црквата на Св. Вознесение Христово“, како и книга на приходи, расходи и инвентар, каде се забележани детали за градбата, инвентарот, градењето на новата училишна зграда, направените трошоци.[2]
Пожар
[уреди | уреди извор]Црквата потполно изгорела на 1 ноември 2014 година. Официјално, причините за пожарот (кој избувнал околу 10 часот наутро) не се познати, но се претпоставува дека пожарот се проширил од свеќникот во непосредна близина на олтарот.[3] Од црквата останале само камените ѕидови, крстилницата и камбанаријата, а внатрешноста била целосно уништена, заедно со старите и вредни икони.[4] По пожарот, повеќе истакнати жители по потекло од селото дале парични придонеси за обнова на црквата, како: Благоја Ханџиски, Снежана и Љубчо Георгиевски, Фондацијата „Д-р Михаил Левенски“ итн.[5]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата е трикорабна црква со полукружна апсида. Посебен впечаток во црквата оставаат десетте дабови столбови, кои со секира се оформени во шестострани правилни призми.[2]
Иконостас
[уреди | уреди извор]Иконите на иконостасот се работени на Света Гора и се подарок на месното население.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Камбанаријата на новата градба
- Поглед на двете камбанарии на црквата
- Плоча на самата црква
- Поглед на црквата
- Плоча на црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 Илиевска-Арсова, Весна (2011). „Пијанец-Малеш, изобилство од сонце и насмевки!“ (PDF). Штип: Центар за развој на Источен плански регион. стр. 34. Посетено на 8 март 2017.[мртва врска]
- ↑ „Изгоре црквата „Вознесение Христово" во Владимирово“. Дневник. МПМ Македонија. 1 ноември 2014. Архивирано од изворникот на 2016-10-11. Посетено на 1 ноември 2014.
- ↑ „Пеплосан и непроценливиот иконостас од Света Гора“, Дневник, година XVIII, број 5607, понеделник, 3 ноември 2014, стр. 16.
- ↑ „Се собираат донации за обнова на изгорениот храм Св. Спас“, Дневник, година XVIII, број 5610, четврток, 6 ноември 2014, стр. 18.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Вознесение Христово“ - Владимирово на Ризницата ?


