Цезарија Евора

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цезарија Евора (Cesária Évora)
Цезарија Евора во Сан Диего, Калифорнија.
Животописни податоци
Роден(а)27 август 1941(1941-08-27)(82 г.)
Миндело, Зелено'ртски острови
Починал(а)декември 17, 2011(2011-12-17) (возр. 70)
ЖанровиМорна
Фадо
Коладера
Занимањапејачка
Период на активност1957 – 2011
ИздавачиLusafrica

Цезарија Евора (португалски: Cesária Évora; родена на 27 август 1941 - почина на 17 декември 2011) била популарна пејачка од Зелено'ртските острови. Позната е под прекарот босaта дива поради тоа што на за нејзините концерти настапувала без чевли.[1] Евора била светски најдобро познатиот изведувач на морна.

Животопис[уреди | уреди извор]

Куќата на Цезарија Евора

Таа го загубила својот татко на седумгодишна возраст. По неговата смрт, нејзината мајка не успевала да го издржи семејството со нејзините слаби приходи кои ги добивала како готвачка. Затоа Цезарија била оставена во дом за сираци. Своето прво искуство како пејачка го стекнува во хорот во домот за сираци.

На шеснаесет години, Евора се запознав еден морнар по име Едуардо, кој ја запознава со локалните стилови на музика (коладеирас и морнас). Морнас песните се песни на тага и копнеж. Таа започнала да пее во локалните барови и хотели. Со помош на локалните музичари ги усоврши своите пејачки вештини. Подоцна од своите обожаватели ќе биде прогласена за кралица на морнес. Станува позната пејачка на Зелено'ртските Острови.

Évora останала популарна подолго време, но нејзината слава, не довела и до финансиски успех. Исфрустрирана од лични и финансиски проблеми, надополнети од страна на многу тешка економска и политичка ситуација во Зелено'ртските Острови, Евора се откажува од пеењето за да може да го издржува нејзиното потесно семејство. Таа не пеела цели десет години, кои таа денес ги опишува како ја мрачни години. Во овој период таа имала и проблеми со алкохолизмот.

Евора продолжила со пеењето откако била охрабрена од еден зелено'ртски музичар кој во тоа време живеел во Португалија. Тој ѝ обезбедил покана за да може да дојде во Португалија, каде што настапувала на низа концерти спонзориран од страна на локалните женски организации.

Французинотот Хосе да Силва (кој по потекло е од Зелено'ртските Острови) ја убедил да замине за Париз, каде што таа го снима новиот албум, La Diva Aux Pieds Nus (Босоногата дива) во 1988 година. Песната Sodade е нејзиниот прв меѓународен хит, првиот хит на не-француската песна во Франција, и со тоа е означен почетокот на светска слава за Евора. Португалскиот збор saudade е комплексен и тешко е да се преведе, а поврзан е со носталгија, копнеж и тага. Израз на "sodade" е интегрален дел од музиката на Зелено'ртските острови. Овој албум доби позитивни критики, и претставува почеток на драматичното враќање кое понатаму беше потврдено со нејзиниот албум Miss Perfumado од 1992 година. Со ова таа станала меѓународнa ѕвезда на возраст од 47.

Цезарија Евора во 2002 и во 2006 година има настапувано и во Македонија.[2][3]

Дискографија[уреди | уреди извор]

Соло албуми[уреди | уреди извор]

Компилации и албуми во живо[уреди | уреди извор]

  • Sodade - Les Plus Belles Mornas de Cesária (Best of compilation, 1994)
  • Club Sodade (Remix album, 1996)
  • Live à l'Olympia (Live album, recorded at the Paris Olympia, 1996)
  • Colors of the World (Allegro Music, 1997)
  • Best Of' (Best of compilation, 1998)
  • Anthology (Best of compilation, 2002)
  • Anthologie - Mornas & Coladeras (Double CD edition of Anthology, 2004)
  • Live d'Amor (Live DVD, recorded in 2004 at Le Grand Rex, Paris, 2004)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [1] Архивирано на 18 април 2020 г. globeandmail.com: Print Edition
  2. „Анаконди, камили, фудбал и Цезарија Евора“. Архивирано од изворникот на 2012-01-19. Посетено на 2009-11-24.
  3. „Цезарија Евора ќе умреше од горештина“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2009-11-24.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]