Хуан Ернангомес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хуан Ернангомес

Juan Hernangomez.jpg

Лични информации
Роден на 28 септември 1995 (1995-09-28) (24 г.)
Роден во Мадрид, Шпанија
Националност Шпанија Шпанија
Висина 2,06 м
Тежина 88 кг
Позиција крилен центар, крило
Информации за кариерата
Драфт 2016 / Рунда: 1 / Пик: 15
Избран од:
Денвер Денвер Нагетс
Проф. кариера 2014–
Мометален клуб
Клуб Денвер Денвер Нагетс
Број 41
Сениорски клубови
Години: Клубови:
2014–2016
2016–
Естудиантес Естудиантес
Денвер Денвер Нагетс
Репрезентација
2015- Шпанија Шпанија


Хуан Алберто „Хуанчо“ Ернангомес (роден на 28 септември 1995 година) е шпански кошаркар, крилен центар или крило на Денвер Нагетс и на шпанската репрезентација.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Тој е син на поранешните кошаркари Гилјермо Ернангомес Ередеро и Маргарита Гејер. Неговиот постар брат, Гилјермо, исто така е кошаркар и во моментов игра за Шарлот Хорнетс во НБА.[2] Тој има и помала сестра, Андреа, која исто така се занимава со кошарка.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Стилот на игра на Ернангомес често бил споредуван со оној на два НБА играчи: сонародникот Виктор Клавер и Јонас Јеребко.[3] Неговите најдобри квалитети се брзината, атлетизмот и играта во одбрана.[4] Дуото, тој и неговиот брат, Гилјермо, во Шпанија е често споредувано со шпанските НБА ѕвезди браќата Марк и Пау Гасол.[5]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Естудијантес (2012–2016)[уреди | уреди извор]

Во 2012, Ернангомес го потпишал својот прв професионален договор со екипата на Естудијантес и играл за нивниот втор тим до 2014, кога бил промовиран во главната екипа.[6] Во сезоната 2015–2016, Ернангомес имал 9.7 поени и 5.7 скокови во 34 натпревари. Добрите игри довеле до тоа тој да биде прогласен за добитник на наградата Најдобар млад играч во АЦБ лигата.[7]

Денвер Нагетс (2016–денес)[уреди | уреди извор]

На 26 април 2016 година, Ернангамез бил прогласен во меѓународниот список на кандидати за ран влез на НБА Драфтот 2016.[8] Тој потоа бил избран од Денвер Нагетс како 15-ти пик на драфтот.[9]

Своето деби во НБА лигата со Нагетси го направил на отворањето од сезоната 2015-2016 против Њу Орлеанс Пеликанс, играјќи во последните секунди од натпреварот.[10]

На 14 фебруари 2017, Ернангомес постигнал највисоки во НБА кариерата 27 поени во изненадувачката победа на домашен терен со 132-110 над Голден Стејт Вориорс, лидерите во Западната конференција и подоцнежни НБА шампиони.[11] На 21 март 2017, тој постигнал 15 поени во натпреварот загубен во последната секунда против Хјустон Рокетс на гости со 125-124; во овој натпревар "Хуанчо" започнал како стартер на позицијата крило заменувајќи го повредениот Данило Галинари.[12] Во својата руки сезона, Ернангомес одиграл 62 натпревари, 9 како стартер, со просек од 4.9 поени и 3 скокови.

На почетокот на следната сезона му била дијагностицирана мононуклеоза, поради што одиграл само 25 натпревари.[13]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Во 2013, Ернангомес играл за шпанската репрезентација под 18 години на Европското првенство за играчи под 18 години во Латвија. Потоа тој играл за репрезентацијата под 20 години во следните две години, и учествувал на Европското првенство за играчи под 20 години. Добрите игри на Ернангомес му донеле повик во сениорската репрезентација за време на подготовките за Европското првенство 2015.[6][14]

Ернангомес за прв пат бил избран да ја претставува Шпанија на некое големо натпреварување, за време на Европското првенство 2017. На турнирот тој имал просек од 8.4 поени, 5.9 скокови, 0.7 асистенции и 0.7 блокади за 19.7 минути по натпревар.[15] Шпанија го завршила турнирот на третото место, освојувајќи го бронзениот медал.[16]

Во 2019 година, Ернангомес ја претставувал Шпанија на Светското првенство 2019 во Кина. Тој имал просек од 10.5 поени, 5.4 скокови, 0.6 асистенции и 0.4 блокади за 23.1 минути по натпревар.[17] Во финалето против Аргентина кое Шпанија го добила со убедливи 95-75,[18] освојувајќи го вториот златен медал на Светските првенства во историјата,[19] Хуан имал учинок од 11 поени, 5 скока, 1 асистенција и 1 блокада но предвреме го завршил натпреварот поради тоа што направил пет лични грешки во последната четвртина.[17]

Титули[уреди | уреди извор]

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Шпанија Шпанија[уреди | уреди извор]

Статистика на кариерата[уреди | уреди извор]

Легенда
  ОН Одиграно натпревари   СН  Натпревари како стартер  МПН  Минути по натпревари
 ПШИ%  Процент на шут од игра  3П%  Процент на шут за три поени  СФ%  Процент на шут за слободни фрлања
 СкПН  Скокови по натпревар  AсПН  Асистенции по натпревар  УТПН  Украдени топки по натпревар
 БлПН  Блокади по натпревар  ППН  Поени по натпревар  Задебелено  Најдобро во кариерата

НБА[уреди | уреди извор]

Регуларен дел од сезоната[уреди | уреди извор]

Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2016 Денвер 62 9 13.6 .453 .411 .750 3.0 .5 .5 .2 4.9
2017 Денвер 25 3 11.1 .387 .280 .833 2.2 .5 .2 .1 3.3
2018 Денвер 70 25 19.4 .439 .365 .767 3.8 .8 .4 .3 5.8
Кариера 157 37 15.8 .437 .366 .764 3.2 .6 .4 .2 5.1

Playoffs[уреди | уреди извор]

Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2019 Денвер 5 0 2.9 .333 .500 .000 .6 .0 .0 .0 .6
Кариера 5 0 2.9 .333 .500 .000 .6 .0 .0 .0 .6

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Juancho Hernangomez Player Profile“. RealGM.com. конс. March 9, 2016. 
  2. Martínez, José Luis; Sáenz de Tejada, José; Talavera, Miguel Martín (June 18, 2015). „El presente y futuro de los Hernangómez: Willy y Juancho apuntan alto... ¿NBA?“. Marca.com (Spanish). конс. March 9, 2016. 
  3. „Juan Hernangomez“. NBADraft.net. конс. March 9, 2016. 
  4. „Juan Hernangomez“. DraftExpress. конс. March 9, 2016. 
  5. Taylor, Jeff (July 26, 2015). „The Hernangomez brothers - watch this space!“. FIBA.com. конс. March 9, 2016. 
  6. 6,0 6,1 „JUANCHO HERNANGOMEZ basketball profile“. Eurobasket.com. конс. March 9, 2016. 
  7. „Juancho Hernangomez named best young player of ACB season“. Sportando.com. May 18, 2016. конс. May 18, 2016. 
  8. „NBA Announced Early Entry Candidates for 2016 NBA Draft“. DraftExpress.com. April 6, 2016. конс. April 6, 2016. 
  9. „Denver Nuggets Select Murray, Hernangomez and Beasley in First Round of 2016 NBA Draft“. NBA.com. June 24, 2016. конс. June 24, 2016. 
  10. „Nuggets vs. Pelicans - Game Summary - October 26, 2016 - ESPN“. ESPN.com. конс. 2017-12-18. 
  11. „Warriors vs. Nuggets - Box Score - February 13, 2017 - ESPN“. ESPN.com. конс. 2017-02-14. 
  12. „NBA LEAGUE PASS | NBA.com“. watch.nba.com. конс. 2017-03-21. 
  13. „Denver Nuggets' Juancho Hernangomez out with mononucleosis“. NBA.com. конс. 2019-03-10. 
  14. „Juancho Hernangomez and Alberto Abalde to help Spanish NT at practices“. Sportando. August 26, 2015. конс. March 9, 2016. 
  15. „Juan HERNANGOMEZ at the FIBA EuroBasket 2017 - FIBA.basketball“. FIBA.basketball. конс. 2018-08-15. 
  16. „Spain win Bronze to send Navarro off in style“. FIBA.basketball. конс. 2018-08-15. 
  17. 17,0 17,1 „Juancho HERNANGOMEZ stats“. 16 септември 2019. 
  18. Шпанија е нов светски првак Нова Македонија
  19. [https://sitel.com.mk/shpanija-po-vtorpat-svetski-prvak Шпанија по вторпат светски првак] sitel.com.mk

Надворешни врски[уреди | уреди извор]