Храјдмар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Храјдмар

Храјдмар (старонордиски: Hreiðmar) — во нордиската митологија е волшебник и алчен крал на џуџињата или џиновите. Тој е татко на браќата Фафнир, Отр и Регин, и сестрите Лунгхајд и Лофнхајд. Со помош на неговите синови, Храјдмар ги заробува Асите Один, Хенир и Локи, врзувајќи ги со неуништливи синџири откако ненамерно го убиле неговиот син Отр. Тројцата Аси се принудени да му го дадат златното богатство на Андвари како надоместок за убиството според древните германски закони. Фафнир го убива својот татко за богатството врз кое почива проклетството на Андвари. Пред да умре, Храјдмар ја повикал својата ќерка Лунгхајд за да ја извести дека ќе роди ќерка, чиј син мора да се одмазди за неговото убиство. Се појавува во „Сагата за Волсунзите“, „Поетската еда“ и „Прозната еда“.[1][2][3]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]