Хохкениг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хохкениг
Hochkönig
Hochkoenig.jpg
Највисока точка
Надм. вис. 2941 м
Истакнатост 2181 м 
Шести на Алпите
Заведена како Ултрапроминентен врв
Координати 47°25′14.9″ СГШ 13°03′47.4″ ИГД / 
Име
Превод висок крал (Германски)
Изговор German: [ˈhoːxˌkøːnɪç]
Географија
Место Салцбург, Австрија
Матичен венец Берхтесгаденски Алпи
Топокарта BEV ÖK50 124; ÖAV 10/2
Искачување
Прво освојување 1826
Најлесен пат Пешачење

Хохкeниг (германски: Hochkönig) – највисоката планина во Берхтесгаденските Алпи во австриската провинција Салцбург, како и планинскиот венец како целина. Берхтесгаденските Алпи се дел од Северните Варовнички Алпи.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Хохкениг е расположен западно од градот Бишофсхофен во австриската провинција Салцбург, на 42 км јужно од самиот град Салцбург. Хохкениг е одделен од останатиот дел на Берхтесгаденските Алпи со планинскиот превој Торшарте (Torscharte) чија надморска височина изнесува 2.246 метри. Самиот врв се наоѓа на јужниот крај на големо варовничко плато, покриено со ледник, познат како Ибергосене Алм (Übergossene Alm). Овој ледник се намалува со брзина од 6,2% годишно така што ќе исчезне во блиска иднина.[1][2]

Геологија[уреди | уреди извор]

Во највисоките делови на Хохкениг преовладува тврдиот тенкослоен варовник.

Освојување на врвот[уреди | уреди извор]

Месните ловци доста одамна се искачуваат на Хохкениг. Првото „туристичко“ искачување на врвот било на 5 септември 1826 година од професорот по теологија Петар Карл Турвизер по вообичаената денешна маршрута преку Охсенкар и Артурхаус. При искачувањето професорот бил придружуван од своите соработници Ернест фон Јоанели и Фон Сакс, како и десет носачи. Ернест Јоанели е првиот кој извршил точно мерење на надморската височина на врвот. Пократко но поопасно и подобра физичка подготвеност е трасата преку Биркархаус. Патеката преку Когел е најдолгата траса за скијање во Источните Алпи.

На Хохкениг, на надморска височина од 2 941 м, се наоѓа планинарски дом на австрискиот туристички клуб. Тоа место исто така се користи како стартна точка за параглајдерство и змејарство.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]