ХЕЦ Глобочица
Изглед
(Пренасочено од ХЕ Глобочица)
41°23′39.3″N 20°35′08″E / 41.394250° СГШ; 20.58556° ИГД
Глобочица — хидроелектрана од деривационен тип по горното течение на реката Црн Дрим, односно на истоименото езеро.[1]
Особености
[уреди | уреди извор]Браната е на околу 22 км северно од Струга. Акумулацијата е за неделно израмнување на водите. Доводот на водата до турбините е со тунел долг 7.721 м. Градена е во периодот 1961–1965 година,[2] а со работа започнала во 1965 година. Има два еднакви агрегата со вкупна инсталирана моќност 42 MW. Турбините се од типот францис. Во периодот 1992–2003 година, просечното годишно производство изнесувало 144,1 GWh, а најголемото било во 1996 година и изнесувало 229,6 GWh.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на електраната
-
Мурал на благодарност за изградбата на браната
-
Податоци за браната на контролна купа
-
Поглед на браната
-
Браната со езерото
-
Истек на Црн Дрим од хидроелектраната
Наводи
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„ХЕЦ Глобочица“ на Ризницата ? |
- Профил на електраната на страницата на ЕЛЕМ
- Можноста на Глобочица Архивирано на 11 март 2016 г.
|