Фудбалот во Прилеп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Фудбалот во Прилеп - низ историјата за спортските активности на жителите на градот Прилеп, неосновано е да се мисли дека со фудбалот во Прилеп започнува и спортската историја. Остатоците на античкиот град Стибера, кај Чепигово, со гимназиумот, што е единствен таков наод на територијата на денешна Република Македонија, како и останатите такви објекти во Солун (Тесалоники), Аполонија (Нехори), Амфиполис (Полина), Хераклеја Линкестис, укажува на фактот дека тука се организирани спортски активности уште од периодот на Филип II Македонски (359-336г.пред наша ера)[1] Пред доаѓањето на првата топка во Прилеп, децата во населените места - селата, по чешлањето на грубиот добиток од влакната правеле топки. Тие биле значително поголеми од тениските, но ниедна не била слична на фудбал. По завршувањето на Првата светска војна почнува да се игра фудбал во Прилеп, во време кога според публикувани податоци од периодот на Балканските војни градот имал 22 684 жители. Со пописот од 1921 година имало 18 500 жители., а Општината со 109 села и 45 773 жители. За доаѓањето на првата топка има повеќе верзии, од кои една е од германски војници во текот на војната , француски војници, или од едно семејство емигранти Колароски , но ова не е веродостојно. Хроничарите забележале: „ Младината на Прилеп прв пат се запозна со спортската игра - фудбалот, уште за време на војната “. Германските војници играле фудбал во месноста Чачорица.Од нив е купена фудбалска топка.[2] Кирил Миноски, наставник по ликовна уметност кој меѓу двете светски војни работел како бакал - трговски работник, е еден од оснивачите на првиот смучарски клуб (19.март 1933 година ).Постојат повеќе видувања околу ова гледиште , со оглед на војните збиднувања во Македонија. Аргументирано е дека фудбалската топка во 1891 година е донесена во градот Битола.[3]. Во периодот од 1912 - 1918 година, градот Битола бил често бомбардиран и постојано под воени дејствија, ова се однесува и за Прилеп и прилепчани бидејки тука е отворен таканаречениот Македонски фронт на Балканот, и граѓаните живееле во постојан страв, така да малку време се мислело на фудбалот.

Фудбалско игралиште[уреди | уреди извор]

Градскиот стадион “Гоце Делчев“ , со проценка дека може да прими околу 20 000 гледачи, е еден од подобрите фудбалски објекти во Македонија. Пред Првата светска војна на тоа место биле турски гробишта. Во текот на војната , се до повлекувањето на окупаторските единици , оваа локација била депо за моторни и запрежни возила. По завршувањето на војната е адаптирана за фудбалско игралиште со отстранување на надгробните споменици и зарамнување , односно дислоцирање на турските гробишта од српските власти. Игралиштето било градено со ортоми, рогозини. Во 1930 година од железничката пруга во Прилеп биле земани талпите за оградување на игралиштето и со тоа прилепчани дале придонес за изградба на првото македонско игралиште. [4]

Фудбалски клубови[уреди | уреди извор]

Првиоте фудбалски клубови:

  • СК „ Огнена Искра “ - основан 1919 година во Прилеп, основач бил Пане Напески, активен играч во „ Огнена Искра“
  • СК „ Југославија“ - основан е на 24 мај 1921 година од група граѓани и млади луѓе.[5][6]

Ученички тим[уреди | уреди извор]

Првиот прилепски Спортски клуб „ Македонија“ е оформен 1922 година, на 12 јули 1922 година, битолските фудбалери отпатуваа во Прилеп каде се одигра првиот егзибиционен фудбалски натпревар.[7] Почетоците започнуваат во Прилепската гимназија каде што професорите по фискултура формирале фудбалски клуб, односно Ученички клуб. Во него играа следните играчи :

Сотир Белакапа, Небреклија, Киро Шишко , Благоја Стојкоска - Жабата, Гиго Учителот , Трајан Мајата, Андон Шапче, Сотир Спасески, Сотир Смичко, Стевче Бабески, Даре Џамбаз, Јосе Сугаре, Миха Киселоски, Ѓорѓи Елим и други.[8]

Маалски клубови[уреди | уреди извор]

Во 1924 година како маалски клуб на иницијатива на младината од населбата “ Ѓогдере“, бил формиран фудбалскиот маалски клуб „ Балкан “. Фудбалери во овој клуб биле:Блаже Цапе, Баче Кондураџијата, Гога Дилингеро, Тодор Зарески, Киро Кондураџијата, Сотир Азман, Илија Цеко, Аначе Кузманоски, Ицко Младен, Марко Младен, Марко Зарески. Истата година во турските маала никнал уште еден клуб „ Бабуна “. Тој бил единствен мешовит клуб со играчи од турска националност. Во 1926 година турската националност го формира клубот „ Јени Дуња“( Нов свет ). Во 1932 година во Прилеп била конституирана првата заедничка спортска управа, и со тоа се распаѓа “Јени Дуња“. [9]

Спортски-просветни друштва[уреди | уреди извор]

Прво спортско друштво е “ Василие Трбиќ “ кој е основано во септември 1925 година. Ова спортско друштво повеќето е насочено кон политички цели, во корист на неговиот оснивач и покровител Василие Трбиќ. Во списокот на издадени членски книшки ( вкупно 90 ), се наоѓаат истакнати граѓани на Прилеп, исто така членови биле и просветни работници. Има списоци на членови од општината „ Плетвар “, која ја зафаќа поголемата територијата во Прилеп. За ова друштво има и сметководна документација. Дејноста била во рамки на културно-просветна, каде што имало и драмски секции. Во архивската документација постои ракописен текст на “ Народен Пратеник“ од Бранислав Нушиќ, и “ Грбавац “ од Мирко Дечак. Со ова се гледа драмската активност на ова друштво. Постои список за доброволни прилози, и примопредавање на должност . Врз основа на оваа документација гледаме дека ова друштво постоело до крајот на 1925 година, но и согледуваме дека дејноста не била само фудбалска , туку има политичка,агитирачка и пропагандна дејност, со оглед на тоа дека во тој период била Вардарска бановина.[10]

Во 1930 година бил формиран Фудбалскиот клуб „ Железничар “. Тој бил клуб на железничарите , во кој главно играле фудбалери вработени во железничката станица, односно во ложилницата. Со формирањето на СК“Железничар“, започнува месното ривалство. На 25 април 1933 година одигран е натпреварот помеѓу СК„ Железничар “ и СК „ Југославија “, со резултат 3:1 за првите. Фудбалери кој биле во СК“Железничар“, се Илија Николоски - Бакалот, Киро Пагурџиески-Кантаро, Блаже Кусото, Виктор Тошески, Благоја, Аце Рокан, Ацко Дограмџијата, Димо Бајо, Киро Ачески- Киката, Зенко Недески и Диме Сливјано. Со изградба на пругата Скопје - Велес- Прилеп - Битола - Градско, престанува да функционира железничката станица кај Старо Корзо во Прилеп, а со тоа и ложилницата. Ова е причината на укинување на овој клуб, а фудбалерите заминуваат во Скопје, каде што и е однесена целата документација.

Заедничка спортска управа[уреди | уреди извор]

Највисокиот орган на Фудбалската организација во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (1919-1941), бил Ногометниот Сојуз на Југославија. Под него спаѓале лоптачки потсојузи. Помошен орган на Лоптачките потсојузи биле спортските управи во жупите. Заедничката спортска управа во Прилеп била основана во 1932 година со донесувањето на правилата на седницата, одржана на 23 октомври.[11]

Фудбалски клубови и фудбалски натпревари[уреди | уреди извор]

Во периодот помеѓу двете светски војни натпреварите на прилепските клубови ги следеле просечно по 2000 гледачи, со оглед на тогашните случувања.Во 1934 година е основан фудбалскиот тим СК„Хајдук“[12][13].Иницијатор за создавање на овој клуб е Александар Самарџиоски-Цане. На 22 јули 1934 година е одржано основачко собрание на овој клуб на кое е избран за претседател Методија Андонов - Ченто, а за секретар Александар Самарџиоски - Цане. Одиграни натпревари од 1935 до 1940 година: 8 (осум) натпревари и тоа со СК„Шумадија“1:3, СК„Југославија“ 2:3, СК„Викторија„ 1:0, СК„Железничар“ 2:5, СК„Победа“ 2:1, СК„Бистрица“ 1:0, КСК(Куманово) 1:1, СК„Битола 4:2 резултат. Во 1934 година во Варошко маало бил формиран спортскиот клуб „ Викторија“. Тој постоел до 1941 година.[14]На 8 април 1939 во Прилеп е основан Спортскиот клуб „ Гладно Поле “.[15] Во 1944 година се формирани СК„Македонија“, и СД„Гоце Делчев“, и тоа во екот на Втората светска војна.[16] Со започнувањето на војната , па се до крајот 1944 година , под Бугарските окупаторски сили формираните клубови и фудбалерите ги нарекувале „ благонадежни Бугари од западните предели “, кој подоцна се менува терминологијата.[17]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Прилози за историјата на физичката култура на Македонија,гимназиумот во Стибера, автор Душан Станимировиќ,1/1975,страна 93-113
  2. Прилеп и Прилепско низ историјата,книга 2, глава 3, страна 108.
  3. Публикација „Фудбалот во Битола низ децении“, страна 9
  4. „ Прилеп и Прилепско меѓу двете светски војни 1918 - 1941 година“
  5. „Прилеп и Прилепско низ историјата“ , книга 2, страна 108.
  6. Весник“ Вардар “ од 5 јуни 1932 година, страна 5.
  7. „ Фудбалот во Битола низ децении“,автор Димче Миноски.
  8. „ Прилеп и прилепско низ историјата “ , книга 2, глава 3.
  9. Прилеп и Прилепско меѓу двете светски војни 1918-1941 година, пеливанско борење, страна 420.
  10. ДАРМ, Архив на Прилеп, фонд: Прилепски основни школи, кутија 1, архивска единица 48.,1925 година.
  11. “Напредното работничко спортско движење во Вардарска Македонија“, автор д-р редовен професор,Славко Матевски
  12. Прилеп и прилепско меѓу двете светски војни 1918-1941,книга2,стана280.
  13. Зборник„Ченто“-човек,револуционер,државник,стр.173.
  14. Прилеп и прилепско низ историјата,книга2,страна 9.
  15. Прилеп и прилепско низ историјата , книга 2, глава 3, страна 103.
  16. Прилеп и прилепско низ историјата , книга 2, страна 91, глава 3.
  17. Фудбалот во Прилеп 1914-1941 година, книга 1, Веселин Тофоски

Надворешни врски[уреди | уреди извор]