Фредериксхавн

Координати: 57°26′28.00″N 10°32′23.00″E / 57.4411111° СГШ; 10.5397222° ИГД / 57.4411111; 10.5397222
Од Википедија — слободната енциклопедија
57°26′28.00″N 10°32′23.00″E / 57.4411111° СГШ; 10.5397222° ИГД / 57.4411111; 10.5397222
Фредериксхавн
град
Земја Данска
Регион Северна Данска
Координати 57°26′28.00″N 10°32′23.00″E / 57.4411111° СГШ; 10.5397222° ИГД / 57.4411111; 10.5397222
Население 23,295 (2012-01-01)
Часовен појас CET (UTC+1)
 - лете (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Поштенски бр. 9900

Фредериксхавн е значаен град во Данска, кој се наоѓа во северниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамките на покрајната Северна Данска, каде со околните населени места претставува општина, Општина Фредериксхавн. Денес Фредериксхавн има околу 23.000 жители во градот и околу 62.000 во поширокото градско подрачје.

Природни услови[уреди | уреди извор]

Фредериксхавн се наоѓа во северниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот Фредериксхавн е оддалечен само 480 километри северозападно.

Релјеф: Градот Фредериксхавн се наоѓа во источниот дел на најсеверниот дански остров Вендсисел. Градското подрачје е претежно рамничарско. Надморската височина на средиштето на градот се движи од 0-25 метри.

Клима: Климата во Фредериксхавн е умерено-континентална под големо влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.

Води: Фредериксхавн се форимирал на бреот на Скагерак, дел од Северно Море. Градот отсекогаш бил пристаниште, на што упатува и неговото име.

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето Фредериксхавн било населено уште во времето на праисторијата. Денешната населба првпат се споменува во средниот век, но немала поголемо значење. Дури во 17 век, со силната стратегиска положба на населбата, тука се гради моќна тврдина. Населбата во 1818 година ги добила градските права и го сменило името од Флатстрад во Фредериксхавн, по тогашниот дански крал.

И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.

Население[уреди | уреди извор]

Денес Фредериксхавн има околу 23.000 жители во градските граници и околу 62.000 со околните населени места.

Етнички состав: Населението на Фредериксхавн до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци, а можело да се најде и по некој Германец. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]