Франц Беме

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Франц Беме
Bundesarchiv Bild 183-J21813, Franz Böhme.jpg
Франц Беме
Роден15 април 1885
Целтвег, Штаерска, Австроунгарија
(денешна Австрија)
Починал29 мај 1947(1947-05-29) (возр. 62)
Нирнберг, Баварија, Германија
ПочивалиштеSt. Leonhard-Friedhof, Грац, Австрија
ДржаваАвстроунгарија Австроунгарија (до 1918)
Австрија Австрија (до 1938)
 Трет Рајх
РодАвстроунгарска армија
Австриски вооружени сили (Бундесхер)
Вермахт
Служба1900–1938 (Австрија)
1938–1945 (Германија)
ЧинГенерал-мајор (Австрија)
Генерал на планинската војска (Германија)
Заповедал со32-ра пешадиска дивизија (Вермахт)
18-ти планински корпус
20 планинска армија (Вермахт)
Битки/војниПрва светска војна
Втора Светска војна
ОдликувањаВитез на Железниот Крст

Франц Фридирх Беме (германски: Franz Friedrich Böhme; Целтвег, Штаерска , Австроунгарија, 15 април 1885Нирнберг, 29 мај 1947) е германски, австриски и австроунгарски пешадиски генерал. Пред војната бил командант на 30 и 32-та германска дивизија. За време на војната од 32 пешадиска дивизија станува командант на 18 брдски корпус, а од 16 септември 1941 до ноември 1941 ополномоштен генерал за командување во Србија. Во тоа време се извршени многубројни масовни одмазди над цивилното население во Србија. Во периодот од 24 јуни до 17 јули 1944 е командант на 2-та оклопна армија на Германија која оперирала на Балканот, претежно на територијата на Југославија. Подоцна е командант на 20-та армија во Норвешка. Суден е во Нирнберг како одговорен за масакар на над илјада српски цивили. Извршил самоубиство. [1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Zentner, Christian; Bedürftig, Friedemann (1997). The Encyclopedia of the Third Reich. Perseus Books Group. ISBN 978-0-306-80793-0.