Украдени бакнежи (филм од 1968)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Украдени бакнежи (француски: Baisers volés) е француски филм од 1968 година, во режија на Франсоа Трифо. Главните улоги ги играат: Жан-Пјер Лео, Делфин Сејриг и Клод Жад. Филмот претставува трето продолжение на серијата за Антоан Дуанел, започната со филмот „400 удари“, а која продолжува со филмот „Заеднички кревет и маса“.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се случува во 1968 година. Антоан (го игра Лео) е отпуштен од војската и доаѓа во Париз. Тој се среќава со својата девојка Кристин Дарбон и оди на вечера со неа и со нејзините родители. Таткото на Кристин му помага да се вработи на рецепцијата во еден хотел. Меѓутоа, едно утро, во хотелот пристигнува приватен детектив во друштво со мажот чија жена го изневерува. Тогаш, мажот прави скандал во хотелската соба, поради што Антоан е отпуштен од работа. Меѓутоа, детективот му помага да се вработи во детективската агенција, каде Антоан е ангажиран во истрагата во врска со еден магионичар. Еден ден, во агенцијата пристигнува Жорж Табард, сопственикот на продавница за чевли, кој сака да открие зошто луѓето го мразат. Поради тоа, Антоан се вработува во продавницата, со цел да дознае што мислат продавачките за Жорж, но притоа се вљубува во неговата жена, Фабиен, а поради тоа ја раскинува врската со Кристин. При една средба со неа, Антоан по грешка ја нарекува господин и засрамен бега дома. Сепак, Фабиен дознава каде живее и го посетува во станот, каде го заведува. Утредента, Антоан му соопштува на шефот на детективската агенција за својата љубовна врска со Фабиен и поради тоа е отпуштен од работа, по што се вработува како сервисер на телевизори. Кога родителите на Кристин заминуваат на пат, таа намерно го расипува телевизорот и го повикува Антоан. Така, тие ја обновуваат врската, а утредента, во паркот, тој ја бара за жена.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]