400 удари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

400 удари (француски: Les quatre cents coups) е француски филм од 1959 година, во режија на Франсоа Трифо, кој е автор и на сценариото, заедно со Марсел Муси. Главните улоги ги играат: Жан-Пјер Лео, Клер Морје, Албер Реми, Ги Декомбле, итн. Филмот добил седум награди и имал уште четири номинации. Меѓу нив, во 1959 година, филмот добил три награди на Канскиот филмски фестивал („Златна палма“, за најдобар режисер и наградата OCIC), додека следната година бил номиниран за „Оскар“ во категоријата за најдобро сценарио.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Антоан (го игра Лео) е дете на возраст од 14 години. Тој е лош ученик и повеќе сака да се забавува, токолку да ги исполнува ученичките и домашните обврски. Истовремено, неговите родители немаат топол и грижлив однос кон него. Еден ден, наместо да оди на училиште, тој шета низ градот при што ја здогледува својата мајка (ја игра Морје) како се бакнува со друг човек. Поради тоа, тој бега од дома, а неговиот најдобар другар му помага да преноќи во една печатница. Кога се враќа дома, родителите на Антоан се обидуваат да го поправат односот кон него и тој минува една забавна вечер со нив, но неговата среќа трае кратко, зашто потоа продолжуваат караниците меѓу татко му и мајка му. Оттука, Антоан бега од дома по вторпат и притоа ја краде машината за пишување од канцеларијата во која работи татко му. Бидејќи не може да ја продаде машината, тој се обидува да ја врати назад, но чуварот го открива и го пријавува кај татко му (го игра Реми). Тој го пријавува Антоан во полиција, а потоа родителите одлучуваат да го испратат детето во поправен дом. Еден ден, него го посетува мајка му, која му соопштува дека нема да го примат назад во домот и тогаш Антоан побегнува од домот.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]