Заеднички кревет и маса (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Заеднички кревет и маса (француски: Domicile conjugal) е француски филм од 1970 година, во режија на Франсоа Трифо. Главните улоги ги играат: Жан-Пјер Лео, Клод Жад и Жоел Сокалди. Филмот претставува продолжение на серијата за Антоан Дуанел, започната со филмот „400 удари“.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Конечно, на возраст од 26 години, Антоан Донаел (го игра Лео) стапува во брак со Кристин и тие почнуваат среќен заеднички живот. Тој работи во цвеќарница, додека таа е професорка по виолина. Тие живеат во нов сопствен стан, а во соседството живеат необични, но симпатични луѓе. Набргу, по една незгода, Антоан ја напушта работата и се вработува во американска фирма која прави макети на бродови со далечинско управување. Еден ден, тој ја запознава убавата Јапонка Кјоко и, независно од тоа што Кристин е бремена, тој започнува љубовна врска со Кјоко.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]