Уж
Уж Уж, Uh, Ung | |
---|---|
![]() Уж кај Ужгород | |
Земја | Украина, Словачка |
Слив | |
Главен извор | Украина |
Устие | Лаборец |
Течение | Лаборец→ Латорица→ Бодрог→ Тиса→ Дунав→ Црно Море |
Сливна повр. | 2.750 единица? |
Физички особености | |
Должина | 127 единица? |
Ширина |
|
Уж на Ризницата |
Уж (украински: Уж, словачки: Uh, унгарски: Ung, полски: Uż) — река во Украина и Словачка.
Реката е извира од Карпатите и на крај се влева во Лаборец, која пак тече низ низините на Закарпатската област во западна Украина. Претставува извор на хидроенергија за низа стопански дејности, се користи за наводнување и како извор на питка вода. По течението на Уж се среќаваат неколку поважни населени места, од кои најважен е Ужгород, кој е наречен по самата река.[1]
Уж е долг 127 км, од кои 21,3 км се во Словачка. Се влева во Лаборец кај гратчето Драхњов во округот Михаловце, Кошички крај. Крај реката се наоѓа и полусрушениот Невицки замок
Реката ја исцртува словачко-украинската граница во должина од 1,5 км кај селото Пинковце.
Потекло на името[уреди | уреди извор]
Името на реката потекнува од стариот западнословенски збор уж, што значи змија.
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Uzh River“. Canadian Institute of Ukrainian Studies. Посетено на 11 September 2013.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Уж“ на Ризницата ? |
- реката Уж — убавината и вечноста на градот Ужгород, портал „Колиба“ (украински)