Тринитротолуен

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Тринитротолуол)
Прејди на: содржини, барај
Тринитротолуен
Trinitrotoluene.svg
TNT-from-xtal-1982-3D-balls.png
solid trinitrotoluene
Назнаки
118-96-7 Yes check.svgОк
Кратенки TNT
ChEMBL ChEMBL1236345 X mark.svgН
ChemSpider 8073 X mark.svgН
DrugBank DB01676 Yes check.svgОк
EC број 204-289-6
Jmol-3D слики Слика
KEGG C16391 X mark.svgН
PubChem 11763
RTECS број XU0175000
UNII H43RF5TRM5 Yes check.svgОк
UN број 0209Dry or wetted with < 30% water
0388, 0389Mixtures with trinitrobenzene, hexanitrostilbene
Својства
Хемиска формула C7H5N3O6
Моларна маса 227.13 g mol−1
Изглед Pale yellow solid. Loose "needles", flakes or prills before melt-casting. A solid block after being poured into a casing.
Густина 1.654 g/cm3
Точка на топење

80.35 °C, 354 K, 177 °F

Точка на вриење

240.0 °C, 513 K, 464 °F

Растворливост во вода 0.13 g/L (20 °C)
Растворливост во ether, acetone, benzene, pyridine soluble
Парен притисок 0.0002 mmHg (20°C)[1]
Експлозивност
Осетливост на удар Insensitive
Осетливост на триење Insensitive to 353 N
РЕ фактор 1.00
Штетност
EU класификација Шаблон:Hazchem E Explosive

Шаблон:Hazchem T Toxic

Шаблон:Hazchem N Dangerous for the environment

R-фрази R2, R23/24/25, R33, Шаблон:R51/53
S-фрази (S1/2), Шаблон:S35, S45, S61
NFPA 704
NFPA 704.svg
4
2
4
 
Максимална дозволена граница на изложеност (САД) TWA 1.5 mg/m3 [skin][1]
LD50 795 mg/kg (rat, oral)
660 (mouse, oral)[2]
 Yes check.svgОк(што е ова?)  (завери)
Освен каде што е поинаку назначено, податоците се однесуваат за материјалите во нивната стандардна состојба (при 25 ° C, 100 kPa)
Наводи

Тринитротолуен (ТНТ) е хемиско соединение со формула CH3C6(NO2)3CH3. Тоа е во цврста агрегатна форма, со жолта боја и е најдобро познато како експлозивен материјал со практични карактеристики за ракување. Експлозивната моќ на ТНТ се користи како стандардна мерка за силата на бомбите и на другите експлозиви.

Подготовка[уреди | уреди извор]

ТНТ се синтетизира во процес од три чекори.[3] Прво толуенот се нитрира со мешавина на сулфурна киселина и азотна киселина и се добива мононитротолуол; потоа се повторува постапката уште два пати за да се добие ТНТ. Киселините што се употребуваат за нитрација се рециклираат и повторно се користат во производството.

Примени[уреди | уреди извор]

ТНТ е еден од најчесто користените експлозиви за воени и индустриски намени. Ценет е бидејќи е многу инертен и отпорен на триење и температура, па затоа е безбеден за користење. Се топи на 80 °C, далеку под неговата точка на вриење од 295 °C, и затоа може да се топи и лие во калапи или меша со други експлозиви.

Експлозивни особини[уреди | уреди извор]

По експлозијата, ТНТ се распаѓа на следниов начин:

2 C7H5N3O6 → 3 N2 + 5 H2O + 7 CO + 7 C

Реакцијата е егзотермна, но има висока енергија на активација. Поради продукцијата на јаглерод, експлозиите на ТНТ имаат чадлив изглед.

Историја[уреди | уреди извор]

ТНТ првпат бил произведен во 1863. од Германскиот хемичар Јозеф Вилбранд[4] кој го корисtел како жолта боја. Неговиот потенцијал како експлозив не бил користен неколку години потоа бидејќи било многу тешко да се детонира. Германските вооружени сили го усвоиле како полнење за нивната артилерија во 1902. Британците ги следеле во 1907.

Токсичност[уреди | уреди извор]

ТНТ е отровен и допирот со кожата може да предизвика иритација и промена на бојата на кожата во светло жолто-портокалова. Луѓе кои се подолго време изложени на допир со ТНТ може да добијат анемија, пореметена функција на црниот дроб, зголемување на слезината и други крвни промени и пореметувања на имуниот систем. Постојат и докази дека ТНТ е штетен за машката плодност, а се смета и за можен канцероген.[5]

Некои воени полигони се контаминирани со ТНТ. Отпадните води од производните погони за муниција исто ги загадуваат водите и тие може да имаат црвеникава боја. Чистењето на контаминацијата со ТНТ е скапо и тешко.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име PGCH.
  2. „2,4,6-Trinitrotoluene“. Immediately Dangerous to Life and Health. National Institute for Occupational Safety and Health (NIOSH). http://www.cdc.gov/niosh/idlh/118967.html. 
  3. Army TM 9-1300-214, стр. 8-83
  4. J. Wilbrand (1863). Notiz über Trinitrotoluol. „Annalen der Chemie und Pharmacie128 (2): 178-179. doi:10.1002/jlac.18631280206. 
  5. „2,4,6-Trinitrotoluene“. Agency for Toxic Substances and Disease Registry. септември 1996. http://permanent.access.gpo.gov/lps21/tfacts81.html. конс. 2 февруари 2008. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]