Тордарирна

Координати: 64°12′4″N 17°0′17″W / 64.20111° СГШ; 17.00472° ЗГД / 64.20111; -17.00472
Од Википедија — слободната енциклопедија
Тордарирна
Тордарирна на карта
Највисока точка
Надм. вис.1,259 м
Заведена какоСписок на вулкани во Исланд
Координати64°12′4″N 17°0′17″W / 64.20111° СГШ; 17.00472° ЗГД / 64.20111; -17.00472
Геологија
Видподледнички вулкан
Последен избув1910

Тордарирна (исландски: Þórðarhyrna ) — еден од седумте[1] вулкани под ледникот Ватнајекидл во Исланд.

Тордарирна централниот вулкан бил умерено активен во тек на Холоценот. Тој е најнеактивниот централен вулкан во Гримсветн-Лаки вулканскиот систем. Сместен е околу 20 километри југозападно од централниот вулкан Гримсветн со кој е поврзан преку сублацијален планински гребен. Централниот вулкан Тордарирна е со обем од 15 километри и се издигнува на 1660 м. Покриен е со 100-700 метри дебелиот мраз на ледникот Ватнајекидл.[2]

Ерупции[уреди | уреди извор]

Вулканот за последен пат еруптирал во 1910 а претходно во 1903.[3] Ерупцијата во 3550 BC +/- 500 година исфрлила 150,000,000 кубни метри лава во областа Бергватнсархраун на југ од Тордарирна. Во 1887 до 1889 имало ерупција со вулкански експлозивен индекс (VEI) 2. Во март 2017 во вулканот била почувствувана сеизмичка активност. Најголемиот земјотрес бил со магнитуда 2,5. Научниците немаат доволно податоци за овој вулкан. Неговата вулканска активност во минатото била врзана со онаа на Гримсветн а еруптивната сила при ерупцијата во 1902 била со вулкански експлозивен индекс (VEI) 4[4]

Геологија[уреди | уреди извор]

Постои механичка интеракција меѓу Тордарирна и Гримсветн, макар што овие вулкани се релативно оддалечени еден од друг, па затоа ерупцијата во 1902-1904 била во комбинација со ерупција од вулканот Гримсветн со вулкански експлозивен индекс (VEI) 4. Има пореметување(N.35°W) од Тордарирна до Хамарин кое ги раздвојува двете различни тектонски области.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Список на вулкани во Исланд

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [1] Архивирано на 9 март 2012 г. Figure 2.8 shows 7 volcanoes beneath the glacier
  2. „Þórðarhyrna Volcano - TouristTV Iceland“. TouristTV Iceland (англиски). Посетено на 2017-12-10.
  3. [2] Архивирано на 21 декември 2012 г. Eruptions in Iceland since 1900
  4. „Possible dyke intrusion in Þórðarhyrna volcano | Iceland geology“. www.jonfr.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-06-30. Посетено на 2017-12-10.
  5. [3] Архивирано на 24 септември 2015 г. Surface and bedrock topography mapped by radio echo sounding