Прејди на содржината

Тома Димитровски - Томаки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тома Димитровски - Томаки
Роден 1 септември, 1921
Битола, Кралство СХС
Починал 28 август, 1944
Морани, Царство Бугарија
Биста на Томаки Димитровски во Градскиот парк во Битола

Тома Димитровски - Томаки (1 септември 1921 во Битола28 август 1944 во Морани) — македонски партизан, учесник во НОВ.[1]

Роден е 1921 година во Битола. По завршувањето на гимназијата, започна да студира правни науки во Белград, но војната го попречила да го заврши Правниот факултет. По окупацијата на земјата активно работел за целите на народно-ослободителната борба и учествувал во разни дејствија против фашистите. Затоа бил затворен од бугарската фашистичка полиција, а потоа осуден на доживотна робија. Казната ја издржувал во Идризово. Таму не подлегнал на полициските провокации и малтретирања. Имал крајно борбен дух. Кон крајот на 1944 година, веднаш по ослободувањето на политичките затвореници од затворот во Идризово, стапил во борбените редови на Третата македонска ударна бригада. Во битката против бугарската фашистичка полиција, кај селото Морани, Скопско, Тома храбро загинал.

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 47. На |first= му недостасува |last= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]